47 Аглаја
47 Аглаја — голем, темен астероид на главниот појас. Откриен е од Роберт Лутер на 15 септември 1857 година од Диселдорф[8]. Името е избрано од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Бон и се однесува на Аглаја во грчката митологија[9]. Под тоа име бил преведен во англиските извори во почетокот на 20 век[1].
Откривање | |
---|---|
Откривач | Роберт Лутер |
Откриено | 15 септември 1857 |
Ознаки | |
Изговор | /əˈɡleɪ.ə/[2] |
Наречена по | Аглаја |
Aglaia[1] | |
Астероиден појас | |
Орбитални особености[3] | |
Епоха 31 dekemvri 2006 (јд 2454100.5) | |
Афел | 488.740 Gm (3.267 AU) |
Перихел | 372.222 Gm (2.488 AU) |
430.481 Gm (2.878 AU) | |
Занесеност | 0.135 |
1,782.960 d (4.88 a) | |
225.007° | |
Наклон | 4.985° |
3.244° | |
314.589° | |
Физички особености | |
Димензии | 141.90 ± 8.72 km[4] |
Маса | (3,25 ± 1,68)⋅1018[4] |
Средна густина | 2.17 ± 1.19 g/cm3[4] |
13.175[5] h | |
0.080 [6] | |
C (Толенова) B (SMASSII)[7] | |
7.84 | |
Врз основа на неговиот спектар, 47 Аглаја е наведен како астероид од типот С под таксономијата на класификација Толен, што укажува на јаглероден состав. Системот за класификација SMASS го оценува како редок астероид од типот B. Постои широка одлика на апсорпција на 1 μm што е поврзана со присуството на магнетит и е она што му дава сина нијанса на астероидот[7].
На 16 септември 1984 година, ѕвездата SAO 146599 била окултирана од 47 Аглаја. Овој настан бил забележан од 13 локации во континенталниот дел на Соединетите Американски Држави, овозможувајќи да се одреди профилот на пресек. Врз основа на оваа студија, астероидот има пречник од 136,4 ± 1,2 km. Геометриското албедо пресметано во времето на прикривањето изнесувало 0,071 ± 0,002[10].
Фотометриските набљудувања на овој астероид од 2012 година во опсерваторијата Орган Меса во Лас Крус, Ново Мексико дале светлинска крива со период од 13,175 ± 0,002 часа и варијација на осветленоста од 0,09 ± 0,01 во светлинска величина. Овој резултат е во согласност со претходните студии[5].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 John Craig (1869) The Universal English Dictionary
Benjamin Smith (1903) The Century Dictionary and Cyclopedia - ↑ 'Aglaia' in Noah Webster (1884) A Practical Dictionary of the English Language
- ↑ Yeomans, Donald K., „47 Aglaja“, JPL Small-Body Database Browser, NASA Jet Propulsion Laboratory, Посетено на 2013-04-07.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Carry, B. (December 2012), „Density of asteroids“, Planetary and Space Science, 73, стр. 98–118, arXiv:1203.4336, Bibcode:2012P&SS...73...98C, doi:10.1016/j.pss.2012.03.009. See Table 1.
- ↑ 5,0 5,1 Pilcher, Frederick (October 2012), „Rotation Period Determinations for 47 Aglaja, 252 Clementina, 611 Valeria, 627 Charis, and 756 Lilliana“, Minor Planet Bulletin, 39, стр. 220–222, Bibcode:2012MPBu...39..220P.
- ↑ „Asteroid Data Sets“. Архивирано од изворникот на 2009-12-17. Посетено на 2021-11-30.
- ↑ 7,0 7,1 Yang, Bin; Jewitt, David (September 2010), „Identification of Magnetite in B-type Asteroids“, The Astronomical Journal, 140 (3), стр. 692–698, arXiv:1006.5110, Bibcode:2010AJ....140..692Y, doi:10.1088/0004-6256/140/3/692.
- ↑ „Numbered Minor Planets 1–5000“, Discovery Circumstances, IAU Minor Planet center, Посетено на 2013-04-07.
- ↑ Schmadel, Lutz (2003), Dictionary of minor planet names (fifth. изд.), Germany: Springer, стр. 19, ISBN 3-540-00238-3, Посетено на 2008-12-29.
- ↑ Millis, R. L.; и др. (October 1989), „The diameter, shape, albedo, and rotation of 47 Aglaja“, Icarus, 81, стр. 375–385, Bibcode:1989Icar...81..375M, doi:10.1016/0019-1035(89)90058-4. See Table 1.