Роберт Лутер

германски астроном

Карл Теодор Роберт Лутер (германски: Karl Theodor Robert Luther; 16 април 1822, Швидњица15 февруари 1900 Диселдорф) — германски астроном. Помеѓу 1852 и 1890 г. открил 24 астероиди работејќи во Диселдорфската опсерваторија.[1][2] Седум пати бил наградуван со Лаландовата награда.

Роберт Лутер
Robert Luther
Роден(а)16 април 1822(1822-04-16)
Швидњица, Полска
Починал(а)15 февруари 1900(1900-02-15) (возр. 77)
Диселдорф, Германија
МенториЈохан Франц Енке
Познат по24 откриени астероиди
Поважни наградиЛаландова награда (1852, 1853, 1854, 1855, 1859, 1860 и 1861)
Кралски медал од 1869 г. во спомен на 100-тиот откриен астероид на кој се претставени астрономите Џон Расел Хинд, Херман Голдшмит и Роберт Лутер

Животопис

уреди

Роден е на 16 април 1822 г. во Швидњица (Швајдниц) во семејството на Август Лутер и Вилхелмина фон Енде. Отпрвин се образувал дома, а потоа завршил средно образование. Во 1841 г. се преселил во Вроцлав (Бреслау) каде учел до 1843 г.[3]

Во 1843 г. Лутер се преселил во Берлин за да изучува астрономија. Учел кај истакнатиот астроном Јохан Франц Енке и му помогнал во астрономските пресметки и составувањето на астрономски алманаг. Во 1850 г. станал помошник-набљудувач. Во 1851 г. Франц Бринов го поканил Лутер во Диселдорфската опсерваторија за да биде директор по него.[3]

Лутер се оженил за Каролина (мом. Маркер) и имале син Вилхелм. Починал во 1900 г. во Диселдорф по кратко боледување.[3]

Откритија

уреди

Лутер открил 24 астероиди во периодот помеѓу 1852 и 1890 г.[1][2]

Две откритија имаат необични својства: 90 Антиопа, двоен астероид со еднакви составници, и 288 Главка, чие вртење е крајно бавно.

Откриени астероиди: 24[1]
17 Тетида 17 април 1852
26 Прозерпина 5 мај 1853
28 Белона 1 март 1854
35 Левкотеја 19 април 1855
37 Фидес 5 октомври 1855
47 Аглаја 15 септември 1857
50 Виргинија[1] 19 октомври 1857
53 Калипсо 4 април 1858
57 Мнемозина 22 септември 1859
58 Конкордија 24 март 1860
68 Лето 29 април 1861
71 Ниоба 13 август 1861
78 Дијана 15 март 1863
82 Алкмена 27 ноември 1864
84 Клио 25 август 1865
90 Антиопа 1 октомври 1866
95 Аретуза 23 ноември 1867
108 Хекуба 2 април 1869
113 Амалтеја 12 март 1871
118 Пејто 15 март 1872
134 Софросина 27 септември 1873
241 Германија 12 септември 1884
247 Евкрата 14 март 1885
258 Тиха 4 мај 1886
288 Главка 20 февруари 1890
1 откриен независно 15 дена по Џејмс Фергусон,
но прв го пријавил

Почести и награди

уреди

Во негова чест се наречени астероидот 1303 Лутера и месечевиот кратер Лутер.[2][4]

Лутер ја добил Лаландовата награда дури седум пати: во 1852, 1853, 1854, 1855, 1859, 1860 и 1861 г.

Бил примен за член на Кралското астрономско друштво во јуни 1854 г.[5]

Во 1869 г. бил изработен спомен-медал по повод откривањето на 100-тиот астероид. На него во профил се претставени Џон Расел Хинд, Херман Голдшмит и Роберт Лутер.[6]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Minor Planet Discoverers (by number)“. Minor Planet Center. 28 декември 2015. Посетено на 1 февруари 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 Schmadel, Lutz D. (2007). „Dictionary of Minor Planet Names – (1303) Luthera“. Springer Berlin Heidelberg. стр. 107. doi:10.1007/978-3-540-29925-7_1304. ISBN 978-3-540-00238-3. Отсутно или празно |url= (help); |chapter= е занемарено (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 Plicht C.A. (2014). Luther, Karl Theodor Robert. In: Hockey T. et al. (eds) Biographical Encyclopedia of Astronomers. Springer, New York, NY.
  4. „Gazetteer of Planetary Nomenclature – Planetary Names: Crater, craters: Luther on Moon“. International Astronomical Union (IAU) Working Group for Planetary System Nomenclature (WGPSN). Посетено на 23 март 2016.
  5. Royal Astronomical Society (1899). „List of the Fellows of the Royal Astronomical Society“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. Spottiswoode & Company.
  6. „Mr. Bishop's Observatory“. The Illustrated London News. 55: 368,372. 9 октомври 1869.

Надворешни врски

уреди