Астероид од типот B
Астероиди од типот B — релативно редок тип на јаглеродни астероиди во рамките на пошироката група C; буквата „B“ означува дека овие тела се спектрално сини.[1] Во астероидното население, а од класата B се среќаваат во надворашниот астероиден појас, а преовладуваат и во високонаклонетото Паладино семејство, каде е сместен вториот по големина астероид 2 Палада. Се мисли дека се примитивни остатоци од првобитниот Сончев Систем, богати со испраливи супстанции. Во Во март 2015 г. биле оознати 65 астероиди од типот B според класификацијата на SMASS,[2] и 9 такви според Толеновата класификација.
Особености
уредиОвие астероиди се начелно слични на телата од типот C, но се разликуваат од нив по тоа што ултравиолетовото впивање под 0,5 μм е мало или отсуствува, а спектар е повеќе синкав отколку црвеникав. Албедото е поголемо отколку кај типот C, кој е обично многу потемен. Спектроскопското иследување на класата B укажува на површински состав од безводни силикати, хидрирана глина минерали, органски полимери, магнетит и сулфиди. Најслични на астероидите од типот B се јаглеродните хондритни метеорити благо загреани во лабораторија.
Највеќето астероиди кај кои е збележана кометовидна активност се од типот B.[3][4] Некои од овие тела упатуваат на измени под дејство на вода во минатото, кога може да содржеле значителни количества на воден мраз.[1]
Добро проучени примери
уредиАстероидот 101955 Бену е тело од типот B чие проучување е цел на мисијата OSIRIS-REx. Мисијата настојува да изработи карта површината, со со чија помош ќе се проучува Јарковскиевиот ефект, и во 2023 г. да донесе примерок на Земјата. Леталото е пуштено во 2016 г. и се наоѓа на Бену уште од 2018 г.
Други астероиди од типот B се:
- 2 Палада
- 24 Темида
- 47 Аглаја
- 59 Елпида
- 85 Ија
- 88 Тизба
- 142 Полана
- 213 Лилеја
- 241 Германија
- 282 Клоринда
- 335 Роберта
- 372 Палма
- 383 Јанина
- 431 Нефела
- 531 Церлина
- 541 Дебора
- 555 Норма
- 560 Далила
- 702 Алауда
- 704 Интерамнија
- 767 Бондија
- 895 Хелио
- 1021 Фламарио
- 1331 Солвејг
- 1474 Беира
- 1484 Пострема
- 1539 Борели
- 1655 Комас Сола
- 1705 Тапио
- 1724 Владимир
- 2382 Нони
- 2446 Луначарски
- 2527 Грегори
- 2629 Рудра
- 2659 Милис
- 2708 Бернс
- 2772 Дуган
- 2809 Вернадски
- 2816 Пјен
- 2973 Паола
- 3000 Леонардо
- 3074 Попов
- 3200 Фаетон
- 3566 Левитан
- 3579 Рокхолт
- 3581 Алварес
- 3627 Сејерс
- 3647 Дермот
- 4124 Хериот
- 4396 Гресман
- 4686 Мајсика
- 4997 Ксана
- 5079 Брубек
- 5102 Бенфренклин
- 5133 Филипадамс
- 5222 Јофе
- 5234 Сеченов
- 5330 Сенрикју
- 5344 Рјабов
- (5690) 1992 EU
- 6500 Кодаира
- (7753) 1988 XB
- (25330) 1999 KV4
- (65679) 1989 UQ
- (523972) 1999 CW8
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Yang, Bin; Jewitt, David (септември 2010). „Identification of Magnetite in B-type Asteroids“. The Astronomical Journal. 140 (3): 692–698. arXiv:1006.5110. Bibcode:2010AJ....140..692Y. doi:10.1088/0004-6256/140/3/692.
- ↑ „JPL Small-Body Database Search Engine: spec. type = B (SMASSII)“. JPL Solar System Dynamics. Посетено на 17 јуни 2015.
- ↑ Licandro, J; Hargrove, K; Kelley, M; Campins, H (јануари 2012). „5–14 μm Spitzer spectra of Themis family asteroids“. Astronomy & Astrophysics. 537: A73. doi:10.1051/0004-6361/201118142.
- ↑ Alí-Lagoa, V; De León, J; Licandro, J; Delbo, M; Campins, H; Pinilla-Alonso, N; Kelley, M (март 2013). „Physical properties of B-type asteroids from WISE data“. Astronomy & Astrophysics. 554: A71. doi:10.1051/0004-6361/201220680. 1. Introduction: "the majority of asteroids that have been observed to display cometary-like activity are B-types"