21 август (настани)
шаблон на Викимедија
1897 | Англискиот лекар Роналд Рос го открил видот на комарец пренесувач на маларијата, што било пресудно за сузбивање на болести која предизвикала смрт на милиони луѓе. Еден од првите нобеловци за медицина во 1902. |
1911 | Од парискиот музеј „Лувр“ украдена е сликата „Мона Лиза“ на познатиот сликар Леонардо да Винчи. Сликата е пронајдена и вратена во музејот дури по две години во 1913 година. |
1944 | Во Дамбартон Оукс близу Вашингтон започнала конференцијата помеѓу СССР, САД, Велика Британија и Кина со цел основање на четирите главни органи на ОН, а тоа се Совет за безбедност, Генерално собрание, Меѓународен суд за правда и постојаните секретаријати. |
1968 | Трупите на членките на Варшавскиот пакт, без Романија, ја окупирале Чехословачка. Околу 200.000 војници ги зазеле сите значајни пунктови во земјата. Со тоа е задушена „Прашката пролет“, т.е. обидот на Комунистичката партија за осамостојување на ЧСР со Александар Дубчек на чело. Со оваа окупација воспоставен е принципот на „ограничен суверенитет“ на источноевропските комунистички земји. |
1983 | Филипинскиот опозиционен водач Бењино Акино бил убиен по излегувањето од авионот на аеродромот во Манила при враќањето во земјата по тригодишното прогонство во САД. Убиството го организирал филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос. |
1990 | На централниот градски плоштад во Прага 100.000 граѓани за првпат слободно ја одбележале годишнината од инвазијата на Варшавскиот пакт врз Чехословачка 1968 година. |
2000 | Словенечкиот пливач Мартин Стрел, под мотото „За мир, пријателство и чисти води“ пливал по Дунав од неговиот извор во Германија до утоката во Црно Море, при што го соборил рекордот за овој вид на пливање и влегол во Гинисовата книга со препливани повеќе од 2.900 км. Стрел го започнал својот поход на 25 јуни. |
2006 | Во Нов Зеланд крунисан маорскиот крал Тухеитиа Паки. |