20 Лебед
20 Лебед — единечна,[7] портокалова ѕвезда во северното соѕвездие, Лебед. Станува збор за темна ѕвезда, но може да се забележи со голо око со привидна ѕвездена величина од ,03.[2] Растојанието до 20 Лебед е пресметано од промената на паралаксата од 16 млс,[1] што одговара на растојание од 202 светлосни години. Се приближува кон Сончевиот Систем со околусончева радијална брзина од −22 км/с.[4]
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 50м [1] | 37,72371с
Деклинација | +52° 59′ [1] | 16,7901″
Прив. величина (V) | 5,030[2] |
Особености | |
Спектрален тип | K3 III CN2[3] |
B−V Боен показател | 1,280[2] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | −22,04 ± 0,15[4] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: −10,29[1] млс/г Дек.: −69,68[1] млс/г |
Паралакса (π) | 16.11 ± 0.14[1] млс |
Оддалеченост | 202 ± 2 сг (62,1 ± 0,5 пс) |
Податоци | |
Маса | 1,28[2] M☉ |
Полупречник | 13[5] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 2,2[5] |
Сјајност | 57,5[2] L☉ |
Температура | 4.337 ± 67[2] K |
Вртежна брзина (v sin i) | 4,6[5] км/с |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Станува збор за ѕвезда во поодмината старост, односно црвен џин со ѕвездена класификација K3 III CN2,[3] ѕвезда која го потрошила водородот како гориво во своето јадро и сега е во процес на ширење. Наставката укажува дека се присутни невообичаено силни линии на цијан во спектарот. 20 Лебед е катологизирана како една од најмалку променлива ѕвезда во Хипаркосовиот каталог, менувајќи го својот сјај за не повеќе од 0,01 величина.[8] Масата и е за 1,28[2] пати поголема од Сончевата маса и се проширила за 13[5] пати од Сончевиот полупречник. Ѕвездата зрачи 57,5 пати од Сончевата сјајност од својата зголемена фотосфера при делотворна температура од 4.337 K.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 van Leeuwen, F. (November 2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics, 474 (2): 653–664, arXiv:0708.1752, Bibcode:2007A&A...474..653V, doi:10.1051/0004-6361:20078357.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Luck, R. Earle (2015), „Abundances in the Local Region. I. G and K Giants“, Astronomical Journal, 150 (3), 88, arXiv:1507.01466, Bibcode:2015AJ....150...88L, doi:10.1088/0004-6256/150/3/88.
- ↑ 3,0 3,1 Keenan, Philip C.; McNeil, Raymond C. (1989), „The Perkins catalog of revised MK types for the cooler stars“, Astrophysical Journal Supplement Series, 71: 245, Bibcode:1989ApJS...71..245K, doi:10.1086/191373
- ↑ 4,0 4,1 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Запис на DR2 од „Гаја“ за овој извор на VizieR.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Massarotti, Alessandro; и др. (January 2008), „Rotational and Radial Velocities for a Sample of 761 Hipparcos Giants and the Role of Binarity“, The Astronomical Journal, 135 (1): 209–231, Bibcode:2008AJ....135..209M, doi:10.1088/0004-6256/135/1/209.
- ↑ „20 Cyg“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
- ↑ Eggleton, P. P.; Tokovinin, A. A. (September 2008), „A catalogue of multiplicity among bright stellar systems“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 389 (2): 869–879, arXiv:0806.2878, Bibcode:2008MNRAS.389..869E, doi:10.1111/j.1365-2966.2008.13596.x.
- ↑ Adelman, S. J. (2001), „Research Note Hipparcos photometry: The least variable stars“, Astronomy and Astrophysics, 367: 297, Bibcode:2001A&A...367..297A, doi:10.1051/0004-6361:20000567.