2013 ND15
2013 ND15 (или 2013 ND15) — астероид, привремен тројанец на Венера — првото откриено тело од овој вид околу оваа планета.[6]
Анимација на 2013 ND15 во однос на Сонцето и Венера Сонце · Венера · 2013 ND15 | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Pan-STARRS |
Откриено | 13 јули 2013 |
Ознаки | |
Орбитални особености [2][3][4] | |
Епоха 13 јануари 2016 (ЈД 2457400,5) | |
Параметар на неодреденост 7 | |
Афел | 1,1660 ае (174,43 Гм) |
Перихел | 0,28100 ае (42,037 Гм) |
0,72351 ае (108,236 Гм) | |
Занесеност | 0,61162 |
0,62 г (224,8 д) | |
198,82° | |
1,6015° дневно | |
Наклон | 4,7962° |
95,841° | |
19,697° | |
Земјино НРОП | 0,00751978 ае (1.124.943 км) |
Јупитерово НРОП | 3,95146 ае (591,130 Гм) |
Физички особености | |
Димензии | 40–100 м[a][5] |
24,1[2] | |
Откривање, орбита и физички особености
уреди2013 ND15 е откриен на 13 јули 2013 г. од Н. Примак, А. Шулц, Т. Гоџа и К. Чемберс во рамките на проектот Pan-STARRS. До септември 2014 г. бил забележан 21 пат во податочен лачен опсег од 26 дена. Претставува атонски астероид чија голема полуоска (0,7235 ае) е многу слична на Венерината, но има голема занесеност (0,6115) и мал орбитален наклон (4,794°). Со апсолутна величина од 24,1, има пречник од 40 до 100 м (за претпоставено албедо од 0,04-0,20).
Тројанска динамичка состојба и орбитален развој
уредиАстероидот следи полноглавечка орбита околу Венерината Лагранжова точка L4.[6] Освен тоа што е коорбиталец на Венера, овој астероид е марсопресекувач и земјопресекувач. 2013 ND15 покажува резонантен (или близурезонантен) однос со Меркур, Венера и Земјата.[6] Неговиот краторочен динамички развој е различен од оној на другите три Венерини коорбиталци, 2001 CK32, 2002 VE68 и 2012 XE133.[6]
Потенцијално опасен астероид
уреди2013 ND15 не се смета за потенцијално опасен астероид бидејќи има апсолутна величина над 22,0, иако периодично се доближува на 0,05 ае од Земјата. Забележан е на растојание од 0,077 ае од Земјата на 21 јуни 2016 г.
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ^ Претпоставувајќи албедо од 0,20–0,04.
Наводи
уреди- ↑ Список на атонски астероиди
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „2013 ND15“. База на мали небесни тела на JPL. Лабораторија за реактивен погон. SPK-ID: 3645042. Посетено на 3 април 2016. (англиски)
- ↑ AstDys-2 на 2013 ND15 посет. 21 јануари 2014 г
- ↑ NEODyS-2 на 2013 ND15 посет. 21 јануари 2014 г
- ↑ Таблица за претворање на апсолутни величини (H)
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 de la Fuente Marcos, C.; de la Fuente Marcos, R. „Asteroid 2013 ND15: Trojan companion to Venus, PHA to the Earth“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 439 (3): 2970–2977. arXiv:1401.5013. Bibcode:2014MNRAS.439.2970D. doi:10.1093/mnras/stu152.
Надворешни врски
уреди- Откривање на стероидот — Центар за мали планети
- 2013 ND15 — податоци од Центарот за мали планети
- 2013 ND15 — NeoDyS-2
- 2013 ND15 — Состојбени сознанија за вселената, ЕВА
- 2013 ND15 — База на мали небесни тела на JPL