Потенцијално опасно тело

Потенцијално опасно тело (ПОТ) или потенцијално опасен објектблизуземско тело (астероид или комета) со орбита која може да се доближи до Земјата и е доволно големо за да причини поголеми штети во случај на судир.[1] Се дефинираат како тела со најмало растојание на орбитално пресекување со Земјата помало од 0,05 астрономски единици (19,5 месечеви растојанија) и апсолутна величина од 22 или посјаен.[2] Проценето е дека 98 % од познатите потенцијално опасни тела не закана во следните 100 години.[3] Само 32 ПОТ се ставени на табелата на ризици на „Сентри“, а изземени се сите кои не се закана за следните сто години.[4] Во текот на стотици или илјадници години, потенцијално опасните атероиди имаат можност да ги изменат орбитите на начин кој ќе ги направи недвосмислено опасни.

Астероидот Тевтат е потенцијално опасен близуземски астероид, но не претставува претстојна закана по Земјата. Сликано во 2012 г.

Највеќето овие тела се потенцијално опасни астероиди (ПОА), а неколку од нив се комети. Во март 2021 г. имало 2.173 познати ПОА (околу 9 % од близуземските тела), од кои 158 имаат пречник поголем од 1 км (погл. списокот на списокот подолу).[5][6][б 1] Most of the discovered ПОА are аполонски астероиди (1.730) а помал број се атонски (171).[7][8]

По спроведувањето на неколку астрономски прегледи од доцните 1900-ти наваму, бројот на познати ПОА е десеткратно поголем (погл. столбниот графикон подолу).[5] Подробни информации за овие тела во список се објавува ати на мрежна страница на Центарот за мали планети.[9]

Преглед

уреди
 
Орбитите на познатите потенцијално опасни астероиди, поголеми од 140 м кои минуваат до 7,6 милиони километри од Земјината орбита.

Едно тело се смета за ПОТ доколку неговото најмало растојание на орбитално пресекување (МРОП) во овнос на Земјата е помало од 0,05 ае (7.500.000 км) — околу 19,5 месечеви растојанија — а неговата апсолутна величина е посјајна од 22, што приближно одговара на пречник над 140 м.[1][2] Телото би било доволно големо да предизвика регионален разор на човечките населби ако падне на земја, или пак големо цунами ако удри во океан. Ваков настан во просек се случува еднаш на 10.000 години. Земајќи ги податоците на NEOWISE, се проценува дека постојат 4.700 ± 1.500 потенцијално опасни астроиди со пречника над 100 метри.[10]

Степени на опасност

уреди

Двете главни скали кои ја категоризираат опасноста на астероидните удари се палермската и торинската.

Потенцијално опасни комети

уреди

Краткопериодните комети со тековно МРОП помало од 0,05 ае се: 109P/Свифт-Татл, 55P/Темпел–Татл, 15P/Финли, 289P/Бланпен, 255P/Леви, 206P/Бернард–Боатини, 21P/Џакобини–Цинер и 73P/Швасман–Вахман.

Бројност

уреди
 
Утврдени БЗТ од разни проекти. ПОА се подмножество на БЗТ во поширока смисла.[5]
      LINEAR
      NEAT
      Spacewatch
      LONEOS
      CSS
      Pan-STARRS
      NEOWISE
      ATLAS
      Други

Во 2012 г. НАСА проценила дека дотогаш биле најдени 20 до 30 отсто од телата.[10] При блиските приближувања на астероиди кон планетите и месечините вон Земјата, тие ќе подлегнат на гравитациска растројување и да ја сменат орбитата, што може да предизвика претходно неопасниот астероид да стане потенцијално опасен, или обратно.

Неколку проекти за астрономски прегледи како Истражувањето на околуземски астероиди на Линколнската опсерваторија (LINEAR), Каталинскиот небесен преглед (CSS) и Pan-STARRS продолжуваат да трагаат по уште ПОТ. Секое пронајдено тело се проучува на различни начини како оптички, радарски и инфрацрвено со цел да се утврдат неговите особености како големината, составот, вртежната состојба и да се добие поточна слика за неговата орбита. Во овие набљудувања и следења учествуваат како стручни, така и аматерски астрономи.

Големина

уреди

Астероидите со пречник поголем од 35 метри се закана по еден цел град со умерена големина.[11] Меѓутоа пречникот на највеќето мали астероиди не е добро утврден, бидејќи се одредува според сјајноста и растојанието, а не со непосредно мерење. Од оваа причина, НАСА и Лабораторијата за реактивен погон (JPL) ја користат попрактичната мерка апсолутна величина (H). Секој астероид со апсолутна величина 22,0 или посјаен се смета за доволно голем.[2]

Големината на телото може само грубо да се процени бидејќи мора да се направи претпоставка за неговото албедо, кое најчесто не е со сигурност познато. Програмата за близуземски тела на НАСА за оваа цел се служи со претпоставено албедо од 0,14.

Најголеми потенцијално опасни тела

уреди

Со среден пречник од околу 7 км, аполонскиот астероид (53319) 1999 JM8 е веројатно најголемото потенцијално опасно тело, и покрај послабата апсолутна величина (15,2) во однос на другите тела во табелата. Телото со најниска бројна ознака е 1566 Икар.[9]

Најсјајни потенцијално опасни астероиди [9]
Ознака Откриен (H) (mag) D (км) Орбитален систем Наводи
Година Место Откривач Класа a
(ае)
e i
(°)
q
(ае)
Q
(ае)
МРОП
(ае)
(4953) 1990 MU 1990 413 Р. Х. Мекнот 14,1 3 APO 1,621 0,658 24,4 0,555 2,687 0,02640 ЦМП · JPL
3122 Флоренс 1981 413 Ш. Џ. Бас 14,1 5 AMO 1,769 0,423 22,2 1,020 2,518 0,04430 ЦМП · JPL
(16960) 1998 QS52 1998 704 LINEAR 14,3 4 APO 2,203 0,858 17,5 0,313 4,093 0,01443 ЦМП · JPL
4183 Куно 1959 074 К. Хофмајстер 14,4 4 APO 1,982 0,634 6,7 0,725 3,240 0,02825 ЦМП · JPL
3200 Фаетон 1983 500 IRAS 14,6 5,8 APO 1,271 0,890 22,3 0,140 2,402 0,01945 ЦМП · JPL
(242450) 2004 QY2 2004 E12 Преглед „Сајдинг Спринг“ 14,7 3 APO 1,084 0,477 37,0 0,567 1,601 0,04686 ЦМП · JPL
(89830) 2002 CE 2002 704 LINEAR 14,9 3,1 AMO 2,077 0,507 43,7 1,023 3,131 0,02767 ЦМП · JPL
(137427) 1999 TF211 1999 704 LINEAR 15,1 2,9 APO 2,448 0,610 39,2 0,955 3,942 0,01787 ЦМП · JPL
(111253) 2001 XU10 2001 704 LINEAR 15,2 3 APO 1,754 0,439 42,0 0,983 2,524 0,02934 ЦМП · JPL
(53319) 1999 JM8 1999 704 LINEAR 15,2 7 APO 2,726 0,641 13,8 0,978 4,474 0,02346 ЦМП · JPL
1981 Мида 1973 675 Ч. Т. Ковал 15,2 2 APO 1,776 0,650 39,8 0,621 2,931 0,00449 ЦМП · JPL
2201 Олџејто 1947 690 Х. Л. Џиклас 15,25 2,1 APO 2,175 0,713 2,5 0,624 3,726 0,00305 ЦМП · JPL
(90075) 2002 VU94 2002 644 NEAT 15,3 2,2 APO 2,134 0,576 8,9 0,904 3,363 0,03010 ЦМП · JPL
4179 Тевтат 1989 010 К. Полас 15,30 2.,5 APO 2,536 0,629 0,4 0,940 4,132 0,00615 ЦМП · JPL
(159857) 2004 LJ1 2004 704 LINEAR 15,4 3 APO 2,264 0,593 23,1 0,920 3,607 0,01682 ЦМП · JPL
(85713) 1998 SS49 1998 704 LINEAR 15,6 3,5 APO 1,924 0,639 10,8 0,694 3,154 0,00234 ЦМП · JPL
4486 Митра 1987 071 Е. В. Елст
В. Г. Шкодров
15,6 2 APO 2,200 0,663 3,0 0,742 3,658 0,04626 ЦМП · JPL
1620 Географ 1951 675 А. Џ. Вилсон
Р. Минковски
15,6 2,5 APO 1,245 0,335 13,3 0,828 1,663 0,03007 ЦМП · JPL
(415029) 2011 UL21 2011 703 CSS 15,7 2,5 APO 2,122 0,653 34,9 0,736 3,509 0,01925 ЦМП · JPL
(242216) 2003 RN10 2003 699 LONEOS 15,7 2,5 AMO 2,231 0,541 39,6 1,024 3,438 0,00956 ЦМП · JPL
12923 Zephyr 1999 699 LONEOS 15,8 2 APO 1,962 0,492 5,3 0,996 2,927 0,02115 ЦМП · JPL
(52768) 1998 OR2 1998 566 NEAT 15,8 2 APO 2,380 0,573 5,9 1,017 3,743 0,01573 ЦМП · JPL

Статистика

уреди

Подолу е даден список на најголеми ПОА (според апсолутна величина H) откриени во дадена година.[12] Историските податоци за збирниот бро на откриени ПОА од 1999 г. наваму е прикажан во столбни графикони — едниот за вкупниот број, а другиот за тела поголеми од еден километар.[5]

Најсјајни ПОА откриени секоја година од 1989 г. наваму  [12]
Број Име Година (H) Наводи
4179 Тевтат 1989 15,3 ЦМП · JPL
4953 1990 MU 1990 14,1 ЦМП · JPL
7341 1991 VK 1991 16,7 ЦМП · JPL
5604 1992 FE 1992 16,4 ЦМП · JPL
39572 1993 DQ1 1993 16,4 ЦМП · JPL
136618 1994 CN2 1994 16,6 ЦМП · JPL
243566 1995 SA 1995 17,3 ЦМП · JPL
8566 1996 EN 1996 16,5 ЦМП · JPL
35396 1997 XF11 1997 16,9 ЦМП · JPL
16960 1998 QS52 1998 14,3 ЦМП · JPL
137427 1999 TF211 1999 15,0 ЦМП · JPL
23187 2000 PN9 2000 16,1 ЦМП · JPL
111253 2001 XU10 2001 14,9 ЦМП · JPL
89830 2002 CE 2002 14,7 ЦМП · JPL
242216 2003 RN10 2003 15,7 ЦМП · JPL
242450 2004 QY2 2004 14,7 ЦМП · JPL
308242 2005 GO21 2005 16,4 ЦМП · JPL
374851 2006 VV2 2006 16,8 ЦМП · JPL
214869 2007 PA8 2007 16,2 ЦМП · JPL
294739 2008 CM 2008 17,1 ЦМП · JPL
369264 2009 MS 2009 16,0 ЦМП · JPL
381906 2010 CL19 2010 17,8 ЦМП · JPL
415029 2011 UL21 2011 15,7 ЦМП · JPL
482467 2012 LK9 2012 17,8 ЦМП · JPL
507716 2013 UP8 2013 16,5 ЦМП · JPL
533671 2014 LJ21 2014 16,0 ЦМП · JPL
2015 HY116 2015 17,5 ЦМП · JPL
2016 CB194 2016 17,6 ЦМП · JPL
2017 CH1 2017 17,9 ЦМП · JPL
2018 XV5 2018 17,5 ЦМП · JPL
2019 CE4 2019 18,0 ЦМП · JPL
2020 SL1 2020 17,4 ЦМП · JPL
50
100
150
200
пре.
1999
2001
2003
2005
2007
2009
2011
2013
2015
2017
2019
ПОА-КМ: потенцијално опасни астероиди поголеми од 1 километар од 1999 г. наваму — Збирен број на откриени ПОА. Во септември 2020 г. имало 157 познати ПОТ поголеми од еден километар.[5]
500
1.000
1.500
2.000
2.500
3.000
пре.
1999
2001
2003
2005
2007
2009
2011
2013
2015
2017
2019
ПОА: вкупен број на потенцијално опасни астероиди од 1999 г. наваму — Збирен број на сите откриени ПОА. Во септември 2020 г. имало 2,115 ПОА.[5]

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Пресметаниот среден пречник на едно тело е само приближна проценка. Избеден е од колебливата сјајност на телото мерена на различни наврати и претпоставената (но честопати непозната) отсјај на површината. Големинскиот проценител на астероиди на НАСА е алатка за општо претворање на апсолутната величина во пречник за претпоставено геометриско албедо.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Task Force on potentially hazardous Near Earth Objects (September 2000). „Report of the Task Force on potentially hazardous Near Earth Objects“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 10 December 2016. Посетено на 22 January 2018. Наводот journal бара |journal= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 „NEO Basics – Potentially Hazardous Asteroids (PHAs)“. CNEOS NASA/JPL. Посетено на 16 January 2020.
  3. (32 Sentry risk-listed PHAs / 2173 PHAs) = 1,5 %
  4. „Sentry Risk Table“. Посетено на 2019-08-15. (Click "Use Unconstrained Settings" AND select "H<=22" for list of PHAs)
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 „Discovery Statistics – Cumulative Totals“. CNEOS NASA/JPL. 7 January 2020. Посетено на 16 January 2020.
  6. „Unusual Minor Planets – Overview“. Minor Planet Center. Посетено на 16 January 2020.
  7. „JPL Small-Body Database Search Engine: PHAs and orbital class (APO)“. JPL Solar System Dynamics. Посетено на 16 January 2020.
  8. „JPL Small-Body Database Search Engine: PHAs and orbital class (ATE)“. JPL Solar System Dynamics. Посетено на 16 January 2020.
  9. 9,0 9,1 9,2 „List of the Potentially Hazardous Asteroids (PHAs)“. Minor Planet Center. Посетено на 16 January 2018.
  10. 10,0 10,1 „NASA news – NASA Survey Counts Potentially Hazardous Asteroids“. NASA/JPL. 16 May 2012. Посетено на 22 January 2018.
  11. Will Ferguson (22 January 2013). „Asteroid Hunter Gives an Update on the Threat of Near-Earth Objects“. Scientific American. Посетено на 2013-01-23.
  12. 12,0 12,1 „JPL Small-Body Database Search Engine: PHAs and H < 18 (mag)“. JPL Solar System Dynamics. Посетено на 2012-06-13.

Надворешни врски

уреди