(308635) 2005 YU55

потенцијално опасен астероид
(Пренасочено од 2005 YU55 (астероид))

2005 YU55астероид од групата на Аполонски астероиди, тип Ц, со ширина од 396 метри, откриен на 28 декември 2005 година од американскиот астроном Роберт Мекмилан. На 8 и 9 ноември 2011 г, астероидот поминал меѓу Земјата и Месечината[11] на растојание од 0,85 ме или 325.000 километри од Земјата и претставува потенцијално опасен астероид[12]. Последен пат, астероид со слични димензии поминал на толку мало растојание од Земјата во 1976 година (астероид 2010 XC15 на 0,5 ме).

(308635) 2005 YU55
Радарска слика од 2005 YU55
снимена на 7 ноември 2011 година од страна на Голдстон.
Откривање[1]
ОткривачРоберт Миликан
Стјуартова опсерваторија
Кит пик (691)
Откриено28 декември 2005 година
Ознаки
2005 YU55
Предлошка:Mpcat
БЗТ, ПОТ[2]
Орбитални особености[2]
Епоха 13 јануари 2016 (ЈД 2457400,5)
Параметар на неодреденост 0
Лак на набљудување2183 денови (5,98 г.)
Афел1.65562913 ае (247.678593 ) (Q)
Перихел0.659003712 ае (98.5855521 Gм) (q)
1.15731642 ае (173.132072 Gм) (a)
Занесеност0,430576028 (e)
1,25 год (454,75 д)
175,227687° (M)
0° 47м 29.892с / ден (n)
Наклон0,340553512° (i)
35,9073158° (Ω)
273,628156° (ω)
Познати сателитинема[3]
Земјино НРОП0.000433476 ае (64,847.1 kм)
(0,17 МР)[2]
Венусово НРОП0,0017 ае
(0,66 МР)[4]
Марсово НРОП0,03884 ае
(15,11 МР)[4]
Јупитерово НРОП3.60813 ае (539.769 Gм)
Јупитеров Тисеранов параметар5,347
Физички особености
Димензии360±40 метри[5][6][7][8]
Среден полупречник
0,2 km
18 h (0.75 d)
19,31 ± 0,02 h[2][9]
0,042±0,008
C-тип[6][9][10]
21,9[2][9]

Проценка на можноста за паѓање на Земјата

уреди
Анимација на траекторијата на астероидот 2005 YU55 споредена со орбитите на Земјата и Месечината на 8 и 9 ноември 2011 г.

Астероидот 2005 YU55 има елипсовидна орбита околу Сонцето со период на орбитирање од 1,22 години и ги сече орбитите на планетите Венера и Земја. Во април 2010, со испитувањата на радиотелескопот Аресибо, согласно пресметките за неговата орбита, било потврдено дека нема опасност од пад на астероидот на површината на Земјата во наредните 100 години. Така, од категорија 1 во торинската скала во февруари (астероиди кои минуваат близу до Земјата, без опасност од пад), во април бил преместен во категорија 0 (никаква можност од пад на површината на Земјата).

Минување меѓу Земјата и Месечината

уреди

На 9 ноември 2011 г. во 00:28 ч. средноевропско време (23:28 по Гринич), астероидот безбедно поминал меѓу Земјата и Месечината, на растојание од 0,85 ме (0,00217 ае). На 9 ноември 2011 година, во 08:13 часот по средноевропско време, астероидот поминал на растојание од 239.000 километри од Месечината (0,00160 ае). Во тој период, астероидот имал величина на видливост 11, видлив од Земјата со помош на двогледи и телескопи со објективи над 80 мм.

Слични астероиди

уреди

Во 2028 г. астероидот наречен (153814) 2001 WN5 (пречник 700-1.500 метри) ќе помине на растојание од 248.000 километри од Земјата (0,00166 ае).[13]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име MPEC2005-Y47.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име jpldata.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Goldstone-planning.
  4. 4,0 4,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име mpc.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име mpi.
  6. 6,0 6,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име news171.
  7. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Cornell2010.
  8. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Busch.
  9. 9,0 9,1 9,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Warner.
  10. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Moskovitz.
  11. „Астероидот 2005 YU55 ќе се доближи до Земјата на 8 ноември 2011 г. (PG)“. НАСА. 10 март 2011. Архивирано од изворникот на 2011-04-24. Посетено на 7 ноември 2011.
  12. (2005 YU55) (PG)“. НАСА. 21 април 2010. Посетено на 7 ноември 2011.
  13. „База на мали тела на [[JPL]] (PG)“. НАСА. 27 август 2011. Посетено на 7 ноември 2011. URL–wikilink conflict (help)