Во астрономијата, месечева единица (месечево растојание LD, месечево растојание) е единица мерка за просечното растојание меѓу Земјата и Месечината и изнесува 384.400 километри. Моменталното растојание зависи од положбата на Месечината во својата орбита (месечев перигеј: 363.104 км; месечев апогеј: 405.696 км)[1].

Изглед на Месечината за време на перигеј и апогеј.

Во просек, сончевата светлина одбиена од Месечината, пристига до Земјата за 1.25 секунди. Точната оддалеченост на Месечината се мери со помош на времето кое е потребно светлината емитирана од LIDAR станица на Земјата, да се одбие од ретрорефлекторите поставени на Месечината и да пристигне назад. Со оваа метода е утврдено дека Месечината спирално се оддалечува од Земјата за 3.8 сантиметри секоја година.[2]

Месечевата единица се користи за изразување на оддалеченоста на помали објекти Архивирано на 9 април 2017 г. (астероиди, комети, вселенски летала) кои се наоѓаат меѓу Земјата и орбитата на Месечината.

Наводи

уреди
  1. NASA Staff (10 мај 2011). "Истражување на Сончевиот Систем - факти за Месечината“. NASA. Архивирано од изворникот на 2014-02-10. Посетено на 7 ноември 2011.
  2. Britt Scharringhausen (мај 2002). „Се оддалечува ли Месечината од Земјата?“. Посетено на 7 март 2013.