11 декември (настани)
шаблон на Викимедија
1816 | Индијана станува 19-та американска држава. |
1937 | Италија го напушта Друштвото на народите. |
1941 | Втора светска војна: САД им објавија војна на Германија и на Италија. |
1941 | Втора светска војна: Германија и Италија објавуваат војна на САД. |
1946 | Со одлука на Генералното собрание на ООН основан е Меѓународниот фонд на ОН за помош на децата (УНИЦЕФ). Како најблагородна организација на ОН во 1965 година, ја доби Нобеловата награда за мир. Седиштето на УНИЦЕФ е во Њујорк. |
1958 | Горна Волта (Буркина Фасо) ја објавува својата независност од Франција |
1972 | Американските космонаути и членови на екипажот на вселенскиот брод „Аполо 17“ стапнаа на Месечината. Тоа беше последната мисија во рамките на американската програма „Аполо“. |
1993 | Во Скопје повеќе од 60 делегати младинци одржаа Основачко Собрание и ја конституираа организацијата „Млади социјалисти“, како подмладок на Социјалистичката партија на Македонија. |
1996 | Во Битола е одржано основачкото собрание на Националниот сојуз на студентите на Македеонија. |
2008 | Во Њујорк е уапсен Бернард Мадоф, човекот кој преку пирамидални инвестициски измами успеал да проневери скоро 65 милијарди долари од инвеститорите. Осуден е на 29 јуни 2009 г. на 150 години затвор без право на помилување. |