(308635) 2005 YU55
2005 YU55 — астероид од групата на Аполонски астероиди, тип Ц, со ширина од 396 метри, откриен на 28 декември 2005 година од американскиот астроном Роберт Мекмилан. На 8 и 9 ноември 2011 г, астероидот поминал меѓу Земјата и Месечината[11] на растојание од 0,85 ме или 325.000 километри од Земјата и претставува потенцијално опасен астероид[12]. Последен пат, астероид со слични димензии поминал на толку мало растојание од Земјата во 1976 година (астероид 2010 XC15 на 0,5 ме).
Откривање[1] | |
---|---|
Откривач | Роберт Миликан Стјуартова опсерваторија Кит пик (691) |
Откриено | 28 декември 2005 година |
Ознаки | |
2005 YU55 | |
Предлошка:Mpcat БЗТ, ПОТ[2] | |
Орбитални особености[2] | |
Епоха 13 јануари 2016 (ЈД 2457400,5) | |
Параметар на неодреденост 0 | |
Лак на набљудување | 2183 денови (5,98 г.) |
Афел | 1.65562913 ае (247.678593 Gм) (Q) |
Перихел | 0.659003712 ае (98.5855521 Gм) (q) |
1.15731642 ае (173.132072 Gм) (a) | |
Занесеност | 0,430576028 (e) |
1,25 год (454,75 д) | |
175,227687° (M) | |
0° 47м 29.892с / ден (n) | |
Наклон | 0,340553512° (i) |
35,9073158° (Ω) | |
273,628156° (ω) | |
Познати сателити | нема[3] |
Земјино НРОП | 0.000433476 ае (64,847.1 kм) (0,17 МР)[2] |
Венусово НРОП | 0,0017 ае (0,66 МР)[4] |
Марсово НРОП | 0,03884 ае (15,11 МР)[4] |
Јупитерово НРОП | 3.60813 ае (539.769 Gм) |
Јупитеров Тисеранов параметар | 5,347 |
Физички особености | |
Димензии | 360±40 метри[5][6][7][8] |
Среден полупречник | 0,2 km |
18 h (0.75 d) | |
Ѕвезден вртежен период | 19,31 ± 0,02 h[2][9] |
0,042±0,008 | |
C-тип[6][9][10] | |
21,9[2][9] | |
Проценка на можноста за паѓање на Земјата
уредиАнимација на траекторијата на астероидот 2005 YU55 споредена со орбитите на Земјата и Месечината на 8 и 9 ноември 2011 г. |
Астероидот 2005 YU55 има елипсовидна орбита околу Сонцето со период на орбитирање од 1,22 години и ги сече орбитите на планетите Венера и Земја. Во април 2010, со испитувањата на радиотелескопот Аресибо, согласно пресметките за неговата орбита, било потврдено дека нема опасност од пад на астероидот на површината на Земјата во наредните 100 години. Така, од категорија 1 во торинската скала во февруари (астероиди кои минуваат близу до Земјата, без опасност од пад), во април бил преместен во категорија 0 (никаква можност од пад на површината на Земјата).
Минување меѓу Земјата и Месечината
уредиНа 9 ноември 2011 г. во 00:28 ч. средноевропско време (23:28 по Гринич), астероидот безбедно поминал меѓу Земјата и Месечината, на растојание од 0,85 ме (0,00217 ае). На 9 ноември 2011 година, во 08:13 часот по средноевропско време, астероидот поминал на растојание од 239.000 километри од Месечината (0,00160 ае). Во тој период, астероидот имал величина на видливост 11, видлив од Земјата со помош на двогледи и телескопи со објективи над 80 мм.
Слични астероиди
уредиВо 2028 г. астероидот наречен (153814) 2001 WN5 (пречник 700-1.500 метри) ќе помине на растојание од 248.000 километри од Земјата (0,00166 ае).[13]
Поврзано
уреди„(308635) 2005 YU55“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеMPEC2005-Y47
. - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеjpldata
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеGoldstone-planning
. - ↑ 4,0 4,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеmpc
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеmpi
. - ↑ 6,0 6,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеnews171
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеCornell2010
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеBusch
. - ↑ 9,0 9,1 9,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеWarner
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеMoskovitz
. - ↑ „Астероидот 2005 YU55 ќе се доближи до Земјата на 8 ноември 2011 г. (PG)“. НАСА. 10 март 2011. Архивирано од изворникот на 2011-04-24. Посетено на 7 ноември 2011.
- ↑ „(2005 YU55) (PG)“. НАСА. 21 април 2010. Посетено на 7 ноември 2011.
- ↑ „База на мали тела на [[JPL]] (PG)“. НАСА. 27 август 2011. Посетено на 7 ноември 2011. URL–wikilink conflict (help)