Штолберг (Саксонија-Анхалт)
Штолберг (германски: Stolberg) — град (понекогаш нарекуван и Штолберг (Харц) во историски податоци) и поранешна општина во округот Мансфелд-Зидхарц, во германската покраина Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа во јужниот дел на планините Харц, околу 27 километри западно од Зангерхаузен и 13 километри североисточно од Нордхаузен. Од 1 септември 2010 е дел од општината Зидхарц.
Штолберг | |
Место во Зидхарц | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Мансфелд-Зидхарц |
Општина | Зидхарц |
Основни податоци | |
Површина | 68 км2 |
Надм. височина | 340 м |
Население | 1.286 (31 декември 2009) |
- Густина | 19 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SGH |
Пошт. бр. | 06547 |
Повик. бр. | 034654 |
Портал | www.stadt-stolberg.de |
Координати | 51°34′N 10°57′E / 51.567° СГШ; 10.950° ИГД |
Историја
уредиШтолберг бил основан како населба за рудари во 1000 година; меѓутоа, употребата на оваа област за рударската индустрија се забележува уште во 794. Исцрпувани биле железо, монел, сребро, калај и злато. Градски статус му бил доделен на Штолберг (Харц) пред 1300. Монети биле ковани во Штолберг во средниот век. Времето на развој на ова занимање било во текот 16 век. Рударството било прекинато во 17 век.
Штолберг бил резиденција и семејно седиште на средновековното Грофовија Штолберг. Во 1548, станало седиште на Штолберг-Штолберг. Во 1738, грофовите на Штолберг биле приморани да го признаат патронството на Електорат Саксонија. Градот бил доделен на Кралството Прусија во 1815 со Виенскиот конгрес; Штолберг понатаму бил администриран од пруската Провинција Саксонија. Во 1833, Штолберг имал 2.393 жители. На почетокот на 20 век, Штолберг станал туристички град. Во 1923, железничката линија Берга–Келбра била отворена. Градот станал воздушна бања од 1946.
Главни знаменитости
уреди- Замок Штолберг, семејно седиште на грофовите Штолберг-Штолберг.
- Градско собрание
- Црква Свети Мартин
- Кула Зајгер
- Родна куќа на Томас Минцер
- Рид Гросер Ауерберг (579 м)
Меѓународни односи
уредиШтолберг во Саксонија-Анхалт е збратимен со:
Надворешни врски
уреди„Штолберг (Саксонија-Анхалт)“ на Ризницата ? |
- Службена страница (германски)
Оваа статија за место во округот Мансфелд-Јужен Харц е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
„Штолберг (Саксонија-Анхалт)“ на Ризницата ? |