Хардегзен (германски: Hardegsen) — мал град во округот Нортхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на околу 15 километри југозападно од градот Нортхајм и 15 километри северозападно од градот Гетинген.

Хардегзен
Замок Хардег
Замок Хардег
Замок Хардег
Грб на Хардегзен
Хардегзен во рамките на Германија
Хардегзен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Нортхајм
Градоначалник Михаел Кајзер (самостоен)
Основни податоци
Површина 83,87 км2
Надм. височина 191 м
Население 7.715 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 92 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NOM, EIN, GAN
Пошт. бр. 37181
Повик. бр. 05505
Портал www.hardegsen.de
Местоположба на градот Хардегзен во рамките на округот Нортхајм
Карта
Карта
Координати 51°39′8″N 9°49′46″E / 51.65222° СГШ; 9.82944° ИГД / 51.65222; 9.82944

Градот Хардегзен го има прекарот „Портата кон Золинг“. Познат е по куќите изградени во фахверк и замокот Хардег.

Географија

уреди

Хардегзен се наоѓа на западниот брег на Лајне и источно од Золинг. Низ градот тече Есполде и потоко Шетелбах, кој се влева во Есполде.

Градски единици

уреди
  • Аше
  • Елироде
  • Ертингхаузен
  • Еспол
  • Гладебек
  • Хардегзен
  • Хетензен
  • Хефензен
  • Лихтенборн
  • Лутерхаузен
  • Треген
  • Исингхаузен

Замок Хардег

уреди

Замокот Хардег е средновековен замок во градот Хардегзен. Бил основан во XII век како резиденција на Велфската династија. Во 1320 година, камениот замок бил повторно изграден од Конрад и Лудвиг фон Росдорф. Кон крајот на XIV век, замокот припаднал на Ото фон Брауншвајг цу Гетинген. Од 1568 до 1823 година бил седиште на локалниот суд. Кон крајот на XVIII век, замокот Хардег бил претворен во фарма. Во 1972 година припаднал на општината.

Сообраќај

уреди

Хардегзен е поврзан железнички со градот Нортхајм и јужниот дел на Природниот парк Золинг-Фоглер.

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди