Шпанската армада (шпански: Grande y Felicísima Armada — „Големата и најсреќната морнарица“; позната и како Непобедлива армада) ― шпанска флота чија цел била да го врати католицизмот во Англија, да ја прекине англиската поддршка за Холандската Република и да ги спречи нападите од англиски и холандски гусари против шпанските интереси во Америка. Армадата кон крајот на мај 1588 година, командувана од Алонсо де Гусман ел Буено (шп. Alonso de Guzmán El Bueno), 7-ми војвода од Медина Сидонија, (аристократ без претходно поморско искуство назначен од Филип II од Шпанија) од пристаништето во Лисабон се упатила кон Ла Манш и во Фландрија требало да се поврзе со војводата од Пармаи да ја придружуваат инвазивната војска која ќе ја нападне Англија и ќе ја собори Елизабета I.

Шпанска армада
Дел од Англо-шпанска војна (1585–1604) и Осумдесетгодишна војна

Шпанската армада и англиските бродови во август 1588 година, (непознат автор, 16 век)
Датум Јули – Август 1588
Место Ла Манш и Британски Острови
50°10′00″N 4°15′42″W / 50.16667° СГШ; 4.26167° ЗГД / 50.16667; -4.26167Координати: 50°10′00″N 4°15′42″W / 50.16667° СГШ; 4.26167° ЗГД / 50.16667; -4.26167
Исход Англо-холандска победа[1][2][3]
Завојувани страни

На Шпанците отпор им пружила англиската флота со седиште во Плимут. Англиските бродови биле побрзи и пофлексибилни од шпанските галони, па ја нападнале Армадата додека пловела по Ла Манш. Неколку морнари го советувале војводата од Медина Сидонија да се закотви во Солент и да го окупира Островот Вајт, но тој одбил да отстапи упатствата да се поврзе со војводата од Парма. Иако Армадата речиси целосна стигнала до Кале, додека чекале воспоставување контакт со војводата од Парма, ноќта била нападната од англиски бродови и била принудена да се распрсне. Армадата претрпела дополнителна штета во битката кај Гравелајнс и била во опасност да се насука на холандскиот брег, но по промена на правецот на ветрот успеала да избега во Северно Море. Шпанските бродови, гонети од Англичаните, преку Шкотска и Ирска се вратиле дома. 24 нивни бродови биле уништени на патот кон дома.

Оваа експедиција била најголема операција во необјавената Англо-шпанска војна. Следната година, Англија организирала сличен голем поход против Шпанија, англиската армада, понекогаш наречена „контра-армада од 1589 година“, кој исто така бил неуспешен.

Позадина уреди

Кон средината на шеснаесеттиот век Хабсбуршка Шпанија на чело со кралот Филип II била доминантна политичка и воена сила во Европа, со царство распространето по цел свет кој станал извор на нејзиното богатство. Државата се залагала за католичката кауза и нејзините глобални поседи се протегаа од Европа, Америка и до Филипините. Шпанската колонијална империја била проширена во 1580 година по анексијата на Португалија, по што била создадена Ибериската унија. Филип станал првиот монарх кој владеел со империја во која сонцето не заоѓало, а сето тоа го направил од неговите одаи во палатата Ескоријал преку писмена комуникација.[4]

За разлика од неа, Англија била само мала европска сила без колонијална империја. Кралот Хенри VIII ја започнал англиската реформација за да се разведе од неговата прва сопруга, Катерина од Арагон. Со тек на време, Англија станувала сè поусогласена со протестантската реформација која се одвивала во Европа, особено за време на владеењето на синот на Хенри, Едвард VI. Едвард умрел без деца, а неговата полусестра Марија се качила на тронот во 1553 година. Три години подоцна Марија се омажила за Филип II, станала кралица на Шпанија и почнала повторно да го наметнува римокатолицизмот. Нејзините обиди придонеле преку 260 луѓе да бидат запалени на клада, поради што го добила прекарот „Крвава Мери“.[5]

По смртта на Марија во 1558 година, тронот во Англија го презела нејзината полусестра Елизабета. За разлика од Марија, Елизабет спровела многу реформите замислени од Едвард. Филип, кој повеќе не бил комонарх, ја сметал Елизабета за еретик и нелегитимен владетел на Англија. Во очите на Католичката црква, Хенри официјално никогаш не се развел од Катерина, и затоа Елизабета била нелегитимна владетелка. Се тврди дека Филип поддржувал заговори за соборување на Елизабета во корист на нејзината роднина со католичка вероисповест и претпоставена наследничка, Марија Стјуарт. Ваквите планови пропаднале откако во 1567 година Елизабета ја затворила Марија. Марија била принудена да абдицира од круната на Шкотска во корист на нејзиниот син Џејмс VI.

Елизабета, поради многуте заговори против кралицата извршени во името на Марија, во февруари 1857 ја погубила Марија. Елизабета, исто така, му се одмаздила на Филип со тоа што го поддржала Холандскиот бунт против Шпанија, како и со финансирање на гусари кои требало да ги напаѓаат шпанските бродови кои пловеле по Атлантикот. Таа, исто така, преговарала за траен трговски и политички сојуз со Мароко.

За возврат, Филип планирал експедиција која ќе ја нападне Англија за да ја собори Елизабета и, ако Армадата не успее во целост, барем да преговара за слобода на богослужба за католиците и финансиска компензација за војната во Ниските Земји.[6] Со овој потфат, требало да ја прекине англиската материјална поддршка на обединетите покраини (дел од Ниските Земји кои се отцепиле од шпанска власт) и англиските напади врз шпанските трговски бродови и населби [7] во Новиот свет. Филип добил поддршка од папата Сикст V, кој инвазијата ја сметал за крстоносна војна, и ветил субвенција ако Армадата успее.[8] Значителна поддршка за инвазијата се очекувало и од англиските католици.[9]

Во нападот на Кадис, предводен од гусарот Френсис Дрејк во април 1587 година, околу 30 бродови и големо количество залихи биле уништени, што ги успорило подготовките за една година.[10][11] Исто така, постојат докази дека Елизабета се обидела да иницира маневри на флотата на Отоманската империја за вознемирување на Шпанците,[12] но нема докази за тоа дали планот успеал.

Наводи уреди

  1. Mattingly p. 401: "the defeat of the Spanish armada really was decisive"
  2. Parker & Martin p. 5: "an unmitigated disaster"
  3. Vego p. 148: "the decisive defeat of the Spanish armada"
  4. Parker, Geoffrey (2002). Success is never final (англиски). New York: Basic Books. стр. 3. ISBN 0-465-05477-3.
  5. Waller, Maureen (2006). Sovereign Ladies: The Six Reigning Queens of England. New York: St. Martin's Press. стр. 115. ISBN 978-0312338015.
  6. Pendrill, Colin (2002). Spain 1474–1700:The Triumphs and Tribulations of Empire. Bristol: Heinemann. стр. 286. ISBN 978-0435327330.
  7. Hart, Francis Rußel, Admirals of the Caribbean, Houghton Mifflin Co., 1922, pp. 28–32, describes a large privateer fleet of 25 ships commanded by Drake in 1585 that raided about the Spanish Caribbean colonies.
  8. „The Spanish Armada“. Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. 1913.
  9. Hutchinson, Robert. "10 things you (probably) didn’t know about the Spanish Armada".
  10. Wagner, John (1999). Historical Dictionary of the Elizabethan World; Britain, Ireland, Europe, and America. Oxford and New York: Routledge. стр. 45. ISBN 978-1579582692. Посетено на 16 October 2013.
  11. Shepherd, Andrew. „The Spanish Armada in Lisbon: preparing to invade England“. British Historical Society of Portugal. Посетено на 10 September 2021.
  12. Ezard, John.

Надворешни врски уреди