Мери Стјуарт
Мери Стјуарт или Марија Стјуарт, односно Мери I од Шкотска (8 декември 1542 — 8 февруари 1587) била шкотска кралица од 14 декември 1542 година до 24 јули 1567 година и жена на францускиот крал Франсоа II, а со тоа и кралица на Франција од 10 јули 1559 година до 5 декември 1560 година.
Мери била единствена преживеана и законска наследничка на Џејмс V крал на Шкотска. Кога имала само 6 дена нејзиниот татко починал и таа го наследила престолот, а после девет месеци била и крунисана. Поголемиот дел од своето детство го поминала во Франција додека со Шкотска владееле различни регенти. Во 1558 година се омажила за принцот Франсоу кој една година подоцна станал крал на Франција како Франсоа II. Меѓутоа, Франсоа II бил со слабо здравје па година подоцна починал, а Мери станала вдовица. После тоа Мери се вратила во Шкотска и го презела управувањето со државата во 1561 година. Четири години подоцна се омажила со својот братучед Хенриј Стјуарт. Нивниот брак завршил несреќно. Во Февруари 1567 година резиденцијата на кралицата била уништена во една експлозија, а Хенри бил пронајден мртов во градината.
Џејмс Хепберн, гроф од Ботвела бил главен осомничен за Хенриевата смрт, меѓутоа, ослободен од оптужбата бил во април 1567 година. Месец дана по ослободувањето се оженил со Марија што предизвикало неодобрување од страна на народот. Тоа резултирало со затворање на Марија во дворецот Лохлевен. Марија на 24 јули 1567 година била принудена да абдицира во корист на својот едногодишен син, кој го добила со Хенри, Џејмс I Стјуарт. Бидејќи неуспешно се обидела повторно да ја преземе власта, побегнала во Англија кај својата братучетка, кралицата Елизабета I Тјудор.
Животот во Англија и нејзината смрт
уредиОткако отишла во Англија, Мери претставувала закана за Елизабета. Големиот број католици во Англија сметал дека Мери има право на англискиот престол на кој тогаш се наоѓал протестант (Елизабета). Тоа било причината поради што Елизабета ја затворала Мери во различни замоци во централна Англија повеќе од осумнаесет години. Во 1586 година Мери била уапсена под сомнеж дека учествувала во Бабингтоновиот заговор. Судот ја прогласил за виновна и ја осудил на смрт, сечење на главата. Погубубањето било извршено на 8 февруари 1587 година, а останало забелжано дека Мери умрела мачејќи се бидејќи џелатот морал да ја удри двапати со секирата како би и ја откинал главата од телото.
Таа често се меша со англиската кралица Мери I Тјудор (Крвава Мери), втората жена на Филип II од Шпанија, која живеела во првата половина на 16 век.
Надворешни врски
уредиМери Стјуарт Роден(а): 8 декември 1542 Починал(а): 8 февруари 1587
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Џејмс V |
Кралица на Шкотска 1542–1567 |
Наследник Џејмс VI |