Шпански Пат — воен пат за снабдување и трговија користен од 1567–1633 година, кој се протегал од Северна Италија до Ниските земји. Минувал преку релативно неутрална територија и затоа бил најпосакувана воена рута во Европа. Во деновите на неговата употреба на француски јазик бил познат како „le chemin des Espagnols“. [1]

Шпанскиот пат се протегал од Војводството Милано преку Шпанска Холандија.

Војниците биле во можност да маршираат 1000 километри од Милано до Фландрија во просек 23 километри на ден. Морскиот транспорт бил многу побрз, можело да се помине околу 200 километри на ден, но бил високо изложен на бури и непријателски напади. За големите групи, копнената комуникација била посигурна, дозволувајќи им на Шпанците да испратат над 123 000 мажи во споредба со само 17 600 по море, помеѓу 1567 и 1633 година. [2]

Наводи

уреди
  1. Parker, Geoffrey (2004). The Army of Flanders and the Spanish Road 1567-1659: The Logistics of Spanish Victory and Defeat in the Low Countries' Wars (Second. изд.). Cambridge: Cambridge University Press.
  2. Wilson, Peter H. (2009). The Thirty Years War: Europe's Tragedy. Cambridge: Harvard University Press. ISBN 978-0-674-03634-5.