Ширли Беси

велшка пејачка

Ширли Вероника Беси (англ. Shirley Veronica Bassey; /ˈbæsi/; родена на 8 јануари 1937 година)[1] ― велшка пејачка. Позната е по тоа што ги испеала тематските песни на три филма со Џејмс Бонд: Голдфингер (1964), Дијамантите се вечни (1971) и Moonraker (1979);[2][3][4] таа е единствен изведувач кој извел повеќе од една тематска песна од филм за Бонд. Беси била меѓу најпопуларните пејачки во Британија.[5]

Ширли Беси
Ширли Беси во 1971.
Животописни податоци
Родено имеШирли Вероника Беси
Роден(а)8 јануари 1937(1937-01-08)(87 г.)
Кардиф, Велс
Жанрови
ЗанимањаПејачка
Период на активност1953–денес
Издавачи

Во 2011 година, Би-би-си го емитувала телевизискиот филм Ширли, заснован на животот и кариерата на Беси.[6] Беси била добитник на првата награда за најдобра британска соло-пејачка на првото доделување на Британските музички награди во 1977 година. Британската кралица Елизабета II во 1999 година ја назначила за дама за заслугите на Беси во изведувачките уметности. Нејзината песна „Goldfinger“ била примена во Гремиевата куќа на славата во 2008 година. Беси влијаела на многу други пејачи, вклучувајќи ја и Арета Френклин.[7]

Во седумдецениската кариера, Беси продала преку 140 милиони плочи во светски рамки со што се вбројува меѓу соло-пејачките со најголема продажба на сите времиња.[8][9][10] Таа е прва пејачка во историјата чиј албум се пласирал во топ-40 на британската топ-листа за албуми во седум последователни децении.[11]

Живот и кариера

уреди

Детство и образование

уреди

Ширли Вероника Баси била родена на 8 јануари 1937 година во Кардиф.[12] Нејзиниот татко бил Нигериец, а мајка ѝ била Англичанка по потекло од Северен Јоркшир.[13][14][15] Беси детството го поминала во Кардиф, каде што почнала да покажува интерес за музика и пеење. На 14-годишна возраст го прекинала школувањето за да почне да работи како пакувачка во фабрика, но навечер и за време на викендите пеела во месни клубови.[16]

Почетоци на професионалната кариера

уреди

Од 1953 година, Беси настапувала како дел од патувачка театарска група која го изведувала мјузиклот Во сеќавање на Џолсон, заснован на биографијата на пејачот Ал Џолсон.[17][18] Во 1954 година, додека престојувала во Лондон, Баси ја родила нејзината ќерка Шерон.[18]

За време на еден настап во Џерси, Беси се запознала со нејзиниот прв менаџер, Мајк Саливан,[18] кој ја убедил да ја продолжи нејзината пејачка кариера. Во 1955 година, Беси била на турнеја со различни театри и на крај добила покана за претставата од Ал Рид под наслов Таков е животот.[19] [20] Во претставата ја изведувала песната „Burn My Candle“, а продуцентот од Philips Records, Џони Франц, бил импресиониран и ѝ понудил договор за снимање. Првиот сингл на Беси, „Burn My Candle“, бил објавен во февруари 1956 година. Следеле уште неколку синглови, а во февруари 1957 година, Беси го имала нејзиниот прв хит со преработката на јамајканската народна песна „The Banana Boat Song“. [21]

Кон средината на 1958 година, Беси снимила два сингла кои ќе станат класици во нејзиниот репертоар. „As I Love You“ била објавена како Б-страна на друга балада, „Hands Across the Sea“. По 4 години поминати со Decca Records, на 20 април 1959 година Беси потпишала со издавачката куќа EMI Columbia.[22] Нејзиниот прв албум со Колумбија, The Fabulous Shirley Bassey, бил издаден во 1959 година.[23][24]

Врв на популарноста и тематски песни за Џејмс Бонд

уреди

На почетокот од 1960-тите Беси снимила неколку песни кои станале хитови на британските топ-листи.[21] Таа почнала да стекнува популарност на американскиот пазар и во август 1961 година потпишала договор со United Artists Records.[25]

Во 1964 година Беси ја извела песната „Goldfinger", насловна песна на филмот со Џејмс Бонд, Голдфингер. Оваа песна во 1965 година станала нејзин прв и последен топ-40 хит на Billboard Hot 100 каде стигнала до 8-мо место.[26] Тематската песна „Goldfinger“ имала трајно влијание врз нејзината кариера. Питер Клејтон забележал дека: „Прифаќањето на Беси во Америка беше значително помогнато од огромната популарност на („Голдфингер“)“[27]

Нејзиниот албум во живо од 1965 година, Shirley Bassey at the Pigalle, снимен за време на распродадената турнеја во Pigalle во Лондон, се искачил на 15-то место на топ-листата на албуми во Велика Британија.[21] Исто така во 1965 година, таа ја испеала насловната песна за пародијата на Џејмс Бонд, Ликвидатор.[28] Беси снимила песна за следниот филм за Бонд, Операција Гром (1965). Песната „Mr Kiss Kiss Bang Bang“ не била користена во филмот. Била препеана од американската пејачка Дион Ворвик, а потоа била одбиена во корист на новата песна „Thunderball“, во изведба од велшкиот пејач Том Џонс откако продуцентите на филмот одлучиле дека воведната песна мора да го содржи насловот на филмот.

 
Беси настапува во Западна Германија во 1973 година

По петгодишен застој во кариерата, Беси имала камбек во Обединетото Кралство во 1970 година, по кој следел најуспешниот период во нејзината кариера. Во Велика Британија го соборила рекордот за настапи во низа во ноќниот клуб Talk of the Town. Истата година го издала албумот Something кој го истакнал новиот стил на Беси, промена од традиционална поп-музика кон посовремени песни и аранжмани (истоимениот сингл бил поуспешен на топ-листите во Велика Британија од оригиналната верзија на Битлси).

Во 1971 година снимила уште една тематска песна за филм со Џејмс Бонд, Дијамантите се вечни (1971).

Беси снимила серија успешни албуми со издавачката куќа United Artists: Something Else (1971); And I Love You So (1972); I Capricorn (1972); Never Never Never (1973); Good, Bad but Beautiful (1975); Love, Life and Feelings (1976); You Take My Heart Away (1977) and Yesterdays (1978). Исто така објавила и две компилации: The Shirley Bassey Singles Album (1975) и 25th Anniversary Album (1978).[21][29]

Во 1979 година, Беси ја снимила насловната песна за филмот со Бонд, Moonraker.

Подоцнежна кариера

уреди

Во 1980-тите, Беси се насочила на добротворни концерти и имала повремени концертни турнеи низ Европа, Австралија и САД. Беси снимила албум насловен All by Myself (1982) и снимила дует со францускиот глумец Ален Делон, „Thought I'd Ring You“ (1983). Беси многу поретко снимала нов материјал, но со Лондонскиот симфониски оркестар (LSO) снимила албум со нејзини најпознати песни, I Am What I Am (1984). Снимила албум со тематски песни од филмовите за Џејмс Бонд, The Bond Collection во 1987 година, но не била задоволна од резултатот, па одлучила да не го објавува. (Албумот бил објавен пет години, а по судската тужба од Беси сите непродадени примероци биле повлечени.)

ЕМИ во 1994 година го издала комплетот со пет ЦД-а Bassey – The EMI/UA Years 1959–1979. Беси соработувала со Крис Реа во филмот La Passione (1996), во кој се појавила како себе си и за кој го објавувила синглот „Disco La Passione“. Ремиксот на овој сингл се пласирал меѓу најдобрите топ-40 во Велика Британија.[21] Беси го прославила нејзиниот 60-ти роденден во 1997 година со два концерти на отворено, во замокот Хауард и паркот Алторп, и уште еден ТВ специјал. Од овие настапи снимила албум во живо под наслов The Birthday Concert кој бил номиниран за Греми награда за најдобра традиционална поп вокална изведба.[30]

На 31 декември 1999 година, британската кралица Елизабета Втора на Баси ѝ ја доделила титулата „Командант на Дама“ и ѝ го доделила Орденот на Британската империја како признание за заслугите на пејачката кон кралското семејство.

 
Беси на Вембли Арена во 2006 година

Бејси продолжила со настапи на разни настани. Во 2001 година, таа била најистакнат музичар на прославата на 80-тиот роденден на војводата од Единбург. На 3 јуни 2002 година, била меѓу музичарите, вклучувајќи ги: Елтон Џон, Пол Макартни и Том Џонс кои настапиле на 50-тата јубилејна забава на кралицата во Бакингемската палата.

Во 2003 година, Бејси прославила 50 години професионална кариера со издавањето на албум под наслов Thank You for the Years. На хуманитарната аукција во Кристи, каде што биле изложени сценските костими од пејачката, биле собрани 250 илјади фунти, кои отишле за стипендијата на Ширли Бејси на Кралскиот колеџ за музика и драма во Велс, како и за Фондацијата за детска болница „Ноева арка“.

 
Од лево кон десно: Стинг, Деби Хари, Лејди Гага, Елтон Џон, Беси и Брус Спрингстин во Карнеги Хол во 2010 година

Биографија за Беси, Diamond Diva, била објавена во 2008 година.[31] Истата година, нејзината песна „Goldfinger“ била примена во Гремиевата куќа на славата.

Би-би-си емитувал 70-минутна драма под наслов Ширли на 29 септември 2011 година, прикажувајќи го детството и кариерата на Беси.[32] Рут Нега ја глумела Беси во филмот. Беси настапила на доделувањето на Оскарите во 2013 година за да ја одбележи 50-годишнината од филмската франшиза за Џејмс Бонд. Ова било нејзино прво појавување на церемонијата на доделување на Оскарите како изведувач.[33]

Во 2020 година, со објавувањето на нејзиниот најнов албум, I Owe It All To You, Беси станала прва пејачка чиј албум се пласирал во топ-40 на топ-листата за албуми во Велика Британија во седум последователни децении.[34]

 
Беси во Звукот на 007 во октомври 2022 година

На 4 октомври 2022 година, Бејси настапила на концертот Звукот на 007: Во живо од Ројал Алберт Хол, со кој се одбележала 60-годишнината од филмовите за Џејмс Бонд. Таа ги испеала двете воведни песни, „Diamonds are forever“ и „Goldfinger“. Во 2023 година, Ширли била наградена со Орден од Свети Шарл од принцот Алберт II од Монако.

Наводи

уреди
  1. „Birthdays today: Dame Shirley Bassey, 77“. The Times. 8 January 2014. Посетено на 8 November 2014.
  2. Ширли БесиAllMusic (англиски)
  3. Hattenstone, Simon (24 October 2009). „Shirley Bassey Interview“. The Guardian. London. Посетено на 20 November 2009.
  4. Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19th. изд.). London: Guinness World Records Limited. стр. 44–45. ISBN 978-1-9049-9410-7.
  5. Paphides, Pete (30 October 2009). „Dame Shirley Bassey: The Performance review“. London. Архивирано од изворникот на 27 May 2020. Посетено на 10 December 2009. Welsh diva thrives on new material written by artists half her age.
  6. Wollaston, Sam (29 September 2011). „TV review: Shirley; The Marvellous Mrs Beeton, with Sophie Dahl“. The Guardian (англиски). London. Посетено на 19 May 2022.
  7. Jopling, Norman (2012-03-20). „Aretha Franklin stops to think – a classic interview from the vaults“. The Guardian. Посетено на 2024-02-15.
  8. „New album a 'grand finale' for Dame Shirley Bassey“. BBC News (англиски). 6 August 2020. Посетено на 9 April 2023.
  9. Dailyrecord.co.uk (6 August 2020). „Shirley Bassey signs new record deal for her 'final album' dedicated to fans“. Daily Record (англиски). Посетено на 9 April 2023.
  10. „Dame Shirley Bassey to release first new album in five years“. The Irish News (англиски). 5 August 2020. Посетено на 9 April 2023.
  11. „Shirley Bassey's final album sets huge Official Chart record“. www.officialcharts.com (англиски). Посетено на 9 April 2023.
  12. Williams, John L. (2010). Miss Shirley Bassey. London: Quercus. стр. 18. ISBN 978-0-8573-8098-2.
  13. Eaves, Krysta (25 June 2011). „Dame Shirley Bassey's links to Teesside revealed“. Gazette Live. Посетено на 25 December 2015.
  14. Stoop, Norma McLain (January 1972). "They can't put the two together" and Bassey is both“. After Dark. Архивирано од изворникот на 28 October 2009. Посетено на 28 January 2011.
  15. Farndale, Nigel (9 May 2003). „The minute she walked in the joint“. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот на 11 January 2022. Посетено на 23 May 2010.
  16. Williams, Miss Shirley Bassey, 44, 53, 60.
  17. „Shirley's 25th Anniversary“. The Bassey Blog. 7 June 2009. Посетено на 23 November 2017.
  18. 18,0 18,1 18,2 „Shirley Bassey: from single mum to superstar“. Radio Times (англиски). Посетено на 12 February 2022.
  19. Richards, Dick (7 September 1955). „The Bright Lights“. The Sketch: 207.
  20. „Biographies“ (PDF). Cash Box: 12. 30 December 1961.
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 „Shirley Bassey“. Official Charts Company. Посетено на 10 April 2016.
  22. Празен навод (help)
  23. Martland, Peter (1997). Since Records Began: EMI, the First 100 Years (англиски). Batsford. стр. 229. ISBN 978-0-7134-6207-4.
  24. „Official Albums Chart Top 20 | 29 January 1961 - 4 February 1961“. Official Charts Company (англиски). Посетено на 14 February 2022.
  25. „Shirley Bassey Inks United Artists Pact“. Billboard. 28 August 1961. стр. 10.
  26. Празен навод (help)
  27. Roman (6 May 2004). „See sleeve notes by Peter Clayton, 25th Anniversary Album. Arcor.de. Архивирано од изворникот на 7 March 2014. Посетено на 28 January 2011.
  28. Mavis, Paul (8 June 2015). The Espionage Filmography: United States Releases, 1898 through 1999 (англиски). McFarland. стр. 178. ISBN 978-1-4766-0427-5.
  29. „BPI Database (must manually enter Shirley Bassey)“. British Phonographic Industry. Архивирано од изворникот на 24 January 2013. Посетено на 10 April 2016.
  30. „1999 Grammy Awards“. Metrolyrics.com. 25 February 1999. Архивирано од изворникот на 31 August 2009. Посетено на 28 January 2011.
  31. Hogan, Peter (2008). Shirley Bassey: Diamond Diva. London: Andre Deutsch Ltd. ISBN 978-0-2330-0238-5. Посетено на 23 May 2022.
  32. Shirley plot summary“. IMDb.
  33. Kennedy, Gerrick D. (8 February 2013). „Oscars 2013: Shirley Bassey to make first appearance at the Academy Awards“. Los Angeles Times. Посетено на 3 June 2015.
  34. „Shirley Bassey's final album sets huge Official Chart record“ (англиски). Official Charts Company. Посетено на 4 May 2021.

Надворешни врски

уреди
Претходник
Мет Монро
Од Русија со љубов, 1963
Пејач на тематска песна за филм со Џејмс Бонд
Голдфингер, 1964
Наследник
Том Џонс
Операцијата Гром, 1965
Претходник
Џон Бери
Во служба на нејзиното височество, 1969
Пејач на тематска песна за филм со Џејмс Бонд
Дијамантите се вечни, 1971
Наследник
Paul McCartney and Wings
Живеј и остави ги другите да умрат, 1973
Претходник
Карли Сајмон
Шпионот што ме сакаше
(Nobody Does It Better), 1977
Пејач на тематска песна за филм со Џејмс Бонд
Moonraker, 1979
Наследник
Шина Истон
Само за твоите очи, 1981