Јесен (Елстер)
Јесен (германски: Jessen) — општина сместена на реката Шварце Елстер и се наоѓа во источниот дел на Саксонија-Анхалт во округот Витенберг.
Јесен (Елстер) | |
Црквата во Јесен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Витенберг |
Градоначалник | Дитмар Бретшнајдер (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 352 км2 |
Надм. височина | 72 м |
Население | 14.158 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 40 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WB |
Пошт. бр. | 06917, 06918, 06926, 06928 |
Повик. бр. | 03537, 035387, 035389 |
Портал | www.jessen.de |
Местоположба на град Јесен (Елстер) во рамките на округот Витенберг | |
Координати | 51°47′30″N 12°57′20″E / 51.79167° СГШ; 12.95556° ИГД |
Географија
уредиЈесен е споена општини од следниве единици:
|
|
|
Историја
уредиПрвиот документиран доказ за постоењето на Јесен потекнува од 1217. На ноќта 20 на 21 септември 1729, голем дел од градот бил уништен од оган. По многу вековното функционирање во рамките на Саксонија, Јесен станал дел од Прусија во 1816.
Во 1945, станал дел од покраината Саксонија-Анхалт. Во 1952, според административните реформи на Источна Германија, Јесен станал окружен главен град на регионот Котбус (Котбус сега е дел од Бранденбург). Во 1990, Јесен повторно станал дел од новоформираната покраина Саксонија-Анхалт. Во 1992, дошло до спојување на општините Грабо, Горсдорф-Хемсендорф, Линдвердер и Гроскорга, а во 1993 Швајниц, Гербишбах, Клоса, Шенајхо, Штајнсдорф и Диксферда. Со окружната реформа во 1994, Јесен станал дел од округот Витенберг, притоа добивајќи уште три општини кон него, Батин, Дисниц и Клајндребен-Маукен. Во 1999, дошло до уште спојувања: Арнсдорф, Лајпа и Рулсдорф со Рахајн. На 1 март 2004, уште 12, меѓу нив Зејда, Холцдорф и Линда (Елстер). Некои од овие порано независни општини се состоеле од повеќе населени места, па така денес Јесен има вкупно 47 Stadtteile (составни градски делови).
Економија и инфраструктура
уредиОснованите бизниси главно се мали и средно во металопреработувачката, градежништво, преработка на млеко и производство на пијалаци. Исто така, има и поголеми претприемачи во земјоделството.
Култура и знаменитости
уреди- Историскиот плоштад во Јесен
- Парохиската црква Свети Никола во Јесен
- Замокот Јесен, од 1999 седиште на градскиот совет
- Парохиската црква Света Марин во Швајниц
- Amtshaus во Швајниц
- Селската црква во Горсдорф
- Селската црква во Клајндребен
- Фериботот Преч-Маукен
Луѓе
уреди- Карл Лампрехт (25 февруари 1856 – 10 мај 1915 во Лајпциг), бил професор по историја на Универзитетот Лајпциг, кој денес е познат по неговата улога во Methodenstreit.
Факт
уредиГрадот е дванаесеттата најголема општина во Германија по површина, така за 3 км2 е поголема од Минхен.
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди„Јесен (Елстер)“ на Ризницата ? |