Македонски Роми
Роми во Македонија — малцинска етничка група во Македонија. Според пописот од 2002 година, во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население.[1] Општина Шуто Оризари е единствената општина во светот каде мнозинството се Роми[1], а воедно и единствена општина во светот каде ромскиот (балканскоромскиот) е службен јазик, покрај македонскиот. Исто така со Уставот од 2001 г. Ромите во Република Македонија се признати како народ единствено во светот. Интересен е податокот дека Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.
По религија огромното мнозинство од Ромите се муслимани, но постои и мал број на Роми со христијанска вероисповед (познати под името Масарманги, Масрманговци) кои живеат во неколку градови од источна и југоисточна Македонија.
Историја
уредиПрвите доселувања на Роми на територијата на Македонија се забележуваат во средниот век, односно околу XIV век. Нивното главно доселување е за времето на турските освојувања на Македонија кон крајот на XIV и почетокот на XV век, кога тие работеле како слуги на турските генерали и големци. Постои теорија и дека Ромите се доселени во Македонија уште од времето на Александар Македонски бидејќи тие работеле како негови ковачи при неговото освојување на Египет. Оваа теорија ја застапуваат дел од Ромите кои себеси се нарекуваат Египќани (Еѓупци) и се сметаат за посебна етничка група од Ромите, кои се со потекло од индиската област Пенџаб од народот Дравиди.
Население
уредиНа табелата е прикажан бројот на Ромите во Македонија по општини, според пописот од 2002 година:[2]
Општина | Роми |
---|---|
Скопје | 23.202 |
Прилеп | 4.433 |
Куманово | 4.256 |
Битола | 2.613 |
Тетово | 2.357 |
Гостивар | 2.237 |
Штип | 2.195 |
Кочани | 1.951 |
Кичево | 1.630 |
Виница | 1.230 |
Дебар | 1.080 |
Велес | 800 |
Кавадарци | 679 |
Крива Паланка | 668 |
Делчево | 651 |
Берово | 459 |
Неготино | 453 |
Илинден | 428 |
Пехчево | 390 |
Сарај | 273 |
Радовиш | 271 |
Ресен | 184 |
Кратово | 151 |
Струмица | 147 |
Петровец | 134 |
Градско | 127 |
Струга | 116 |
Зелениково | 92 |
Студеничани | 73 |
Свети Николе | 72 |
Охрид | 69 |
Теарце | 67 |
Дојран | 59 |
Ранковце | 57 |
Јегуновце | 41 |
Пробиштип | 37 |
Валандово | 32 |
Босилово | 24 |
Чучер-Сандево | 23 |
Демир Капија | 16 |
Македонска Каменица | 14 |
Гевгелија | 13 |
Долнени | 13 |
Демир Хисар | 11 |
Маврово и Ростуше | 10 |
останати општини | 41 |
Познати Македонски Роми
уреди- Есма Реџепова - пејачка, „Кралица на ромската песна“
- Амди Бајрам - пратеник во Собранието на РМ во повеќе мандати
- Неждет Мустафа - политичар, потпретседател на Владата на РМ
- Фаик Абди - политичар, пратеник во Собранието на РМ во повеќе мандати, основач на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР)
- Мухарем Сербезовски - популарен кантавтор, поет и преведувач
- Бајрам Северџан - глумец
- Забит Мемедов - глумец, ѕвезда на филмовите „Дом за бесење“ и „Црна мачка, бел мачор“
- Ферус Мустафов - виртуоз на повеќе инструменти, со светска популарност
- Неат Велиов - музичар, водач на Кочани Оркестар
- Вели Мумин - трофеен боксер
- Адријано Џеладин - сопственик на телевизиско студио во Франција
- Рахим Бурхан - режисер, раководител на познатиот театар „Пралипе“
- Јасмин Шабан - поранешна сопруга на Боб Фарел, пејачот од групата „Бони М“
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „2002 попис“. Архивирано од изворникот на 2004-06-21. Посетено на 2010-03-30.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 март 2016.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- „Ромскиот јазик во Македонија впо третит милениум: прогрес и проблеми“ Архивирано на 10 мај 2013 г., Виктор Фридман. (англиски)
- „Ромскиот јазик во Република Македонија: статус, употреба и социолингвистички перспективи“ Архивирано на 20 октомври 2014 г., Виктор Фридман. (англиски)
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |