Црква „Св. Никола“ - Присовјани
Св. Никола — главна црква во струшкото село Подгорци, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Струшкото архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Струшко |
Парохија | Прва струшка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°19′48″N 20°40′59″E / 41.33000° СГШ; 20.68306° ИГД |
Место | Присовјани |
Општина | Струга |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Завршено | 1852 |
Живопис | 1874 |
Архитектонски опис | |
Стил | преродбенички |
Црквата е гробишен храм сместен на југозападниот крај на селото. Според ктироскиот натпис над вратата на јужниот ѕид, храмот е изграден во 1852 година и живописан од Аврам Дичов во 1874 г.[1][2] Тој е автор и на натпрестолниот крст со Распетието.[3]
Царските двери се од средината на XVI век[4] и се дело на истакната работилница која дејствувала на територијата на Охридската архиепископија. Други дела на истата работилница се царските двери на „Прев. Богородица Перивлепта“ во Охрид (денес во Националниот историски музеј во Софија), дверите од „Големи Свети Врачи“ во Охрид (денес на иконостасот на „Пресв. Богородица Перивлепта“), дверите од непозната црква во Охрид (денес во Народниот музеј во Белград), дверите во „Св. Никола“ во Кореница, дверите од „Свети Ѓорѓи“ во Горна Влашка Маала во Охрид и дверите од „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези, Скопје.[5]
На долгиот ктиторски натпис над влезната врата се наведени имињата на мештаните заслужни за зографисувањето, како и на охридскиот митрополит Натанаил и на мајсторот Аврам Дичов.[6]
Слики
уреди-
Влезот на црквата
-
Св. Никола на фреска над влезот
-
Црковната трпезарија
-
Споменик на паднатите илинденци и партизани од Малесија
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Цветковски, Сашо. „Царске двери из Присовјана. (прилог проучавану уметности из XVI века у струшком крају)“ (PDF). Зборник радова Византолошког института XLIV, 2007. УДК: 726.54 (497.17) „15“, стр. 568. Посетено на 16 март 2014.
- ↑ „Изложба на икони на свети Наум Охридски во иконописот на Дебарско-кичевската епархија од XVIII и XIX век“. Македонска православна црква. 6 октомври 2010. Посетено на 16 март 2014.
- ↑ Цветковски, Сашо. „Живописот на Аврам Дичов во црквата Св. Никола с. Брждани - Кичевско“ (PDF). УДК. 75.052.035.1 (497.7), стр. 448. Посетено на 16 март 2014.
- ↑ Цветковски, Сашо. „Царске двери из Присовјана. (прилог проучавану уметности из XVI века у струшком крају)“ (PDF). Зборник радова Византолошког института XLIV, 2007. УДК: 726.54 (497.17) „15“. Посетено на 16 март 2014.
- ↑ Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 145.
- ↑ Цветковски, Сашо. Аврам Дичов, Струга, 2011, с. 19.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Присовјани на Ризницата ?