Црква „Св. Ѓорѓи“ - Охрид

црква во Охрид

Свети Ѓорѓијамакедонски православен храм во градот Охрид. Поточно, црквата се наоѓа во источниот (горниот) дел на градот, на крајот на населбите Расадник и Горна Влашка Маала, во близината на Градската општа болница и кружниот тек на патот кој води кон селото Велгошти и во правец на Битола. Црквата е изградена во 1834 година, а камбанаријата е изградена во 1950 година. Дел од фрескоживописот е од тој период, во преродбенски стил, додека наосот (бродот) на црквата е фрескоживописан од Ѓорѓи Крстевски од Охрид, а олтарот е живописан од Драган Ристески од Охрид. Покрај црквата во XX век, од западната и јужната страна, изградени се затворени тремови. На јужната страна, покрај тремот, во 1984-5 година изградена е крстилница со фрескоживопис од уметникот Драган Ристески. Во дворното место на црквата изградени се канцеларии за свештениците и народна трпезарија за 200 луѓе, која се употребува и за одржување на веронаука и за настава за изучување на странски јазици и слично. Изградена е во 1990 година и осветена од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј[1]

Свети Ѓорѓија

Црквата „Свети Ѓорѓија“ во Охрид

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Петта охридска
Местоположба

Карта

Место Охрид
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓија
Изградба 1834 година
Зограф Ѓорѓи Крстевски, Драган Ристески
Архитектонски опис

Наводи

уреди
  1. „Петта охридска парохија“. Дебарско-кичевска парохија. Архивирано од изворникот на 2014-09-18. Посетено на 2011-02-12.

Надворешни врски

уреди