Димитар Христов Зографзограф и иконописец од XIX век, претставник на Самоковската школа.

Димитар Зограф
Роден(а)1796
Самоков, Бугарија
Починал(а)1860
Самоков, Бугарија
Занимањезограф, иконописец
Значајни делаво текстот
РодниниЗахариј Зограф (брат)

Животопис

уреди
 
„Христос Седржител“ од Димитар Зограф, XIX век,

Роден е во 1796 г. во градот Самоков, Бугарија, тогаш во Отоманското Царство. Бил син на иконописецот Христо Димитров и постар брат на Захариј Зограф. Во 1822 г. се оженил со Христијанија. Повеќето од неговите 7 деца (Зафир, Никола, Захариј и Иван) станале иконописци.

Бидејќи речиси никогаш не се потпишувал, точниот број на негови дела неможе да утврди. Очигледно тој творел во црквите „Св. Недела“ во Пловдив (ок. 1836), „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје (1838), „Св. Никола“ во Плевен (1847) и во Тројанскиот манастир (ок. 1840), како и дел од фреските во главната црква на Рилскиот манастир. Неговото последно (и единствено потпишано) дело е во црквата „Св. Никола“ во Самоков (1860).

Се претпоставува дека од Димитар Зограф се изработени иконите во црквата „Св. Атанасиј“ во кочанското село Оризари заради стилските особености. Исто така се претпоставува дека негови се три недатирани икони во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Кочани.[1]

Литература

уреди
  • Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 322–330.
  • Свинтила, В. Икони од Самоковската школа. С., 1979, 52, 54 – 55, 58 – 61, 64 – 68.
  • Генова, Е., М. Стојкова (уред.) Димитар Христов Сликар од Самоков (ЦД-ром). С., 2007 година.
  • Митрева, Н., И.Патев, Л.Николов, Димитар Христович Зограф 1796 – 1860. Самоков, 2011 г.
  • Генова, Е. Втората генерација зографи од Самоковската сликарска школа: Димитар Христов зограф, Јоан Николов иконописец, Костадин Петрович Валов. С., 2012, 13-150.

Наводи

уреди
  1. Проблеми на изкуството, томове 37 – 38. БАН. 2004. стр. 49.