Црква „Св. Ѓорѓи“ - Врбјани

црква во Врбјани, Дебрца

Св. Великомаченик Ѓорѓицрква во охридското село Врбјани, Општина Дебрца. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]

Света Ѓорѓи

Фреска со св. Сава и св. Симеон

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Годивска
Местоположба

Карта

Координати 41°25′14″N 20°47′34″E / 41.42056° СГШ; 20.79278° ИГД / 41.42056; 20.79278
Место Врбјани
Општина Дебрца
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба 1322 - 1340?
Осветување 1605
Живопис 1605
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен

Историја

уреди

Според преданијата, црквата е градена од 1322 до 1340 година, и требало да биде осветена во 1345 г. од охридскиот архиепископ Николај I, но тој откажал бидејќи бил повикан да го круниса Царот Душан во Скопје. Потоа црквата останала неосветена речиси три века, сè до изработката на живописот во 1605 г. Други оваа година ја сметаат за датумот на подгање на храмот.

Архитектура

уреди

Ова е гробишен храм сместен на возвишение во северозападниот дел на селото. Претставува еднокорабна градба од кршен камен со полукружен свод. Тристраната апсида на исток е изградена од бигор. Во внатрешноста на северниот и јужниот ѕид има длабоки ниши.[2]

Во 1995 г. е извршена целосна реконструкција на покривот.[2] На 30 јуни 2019 г. е извршено преосветување на светиот престол во храмот од митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски.[3]

Живопис

уреди

Црквата е живописана во 1605 г.[4] според зачуваниот натпис.[2] На вториот натпис сместен во олтарниот простор се испишани имињата на дарителите и мајсторите.[2]

На северниот ѕид на храмот се претставени Свети Наум Охридски Чудотворец како архијереј и Свети Кирил Философ, а на јужниот се насликани Свети Ахил Лариски и Свети Прохор Охридски. Сите овие светци се особено почитувани од Охридската апхиепископија, а Прохор е еден од најпосветените охридски архиепископи, кој ја возглавувал од 1528 до неговата смрт во 1550 г. Под сликата на св. Прохор се претставите на Свети Сава Српски и Свети Симеон, со што ктиторот можеби сакал да го нагласи приматот на Архиепископијата во однос на српските епархии.[5]

Во 1903 г. црквата изгорела заедно со целото село при задушувањето на Илинденското востание. Иконостасот е обновен во 1916 г. од зографот Ѓорѓи Андонов.

Слики

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Цркви и манастири во Охридско“. МИА. 25 октомври 2015. Архивирано од изворникот на 2017-07-29. Посетено на 28 јули 2017.
  3. „Преосветување на Св. Престол во „Св. вмч. Ѓорѓи" во с. Врбјани“. Дебарско-кичевска епархија. 30 јуни 2019. Посетено на 10 декември 2021.
  4. Жура, Г. Ангеличин (2010). „Портрет на охридскиот архиепископ Прохор во црквата „Св. Ѓорѓи", село Врбјани, Охридско“ (PDF). Патримониум.мк. 3: 369.
  5. Жура, Г. Ангеличин (2010). „Портрет на охридскиот архиепископ Прохор во црквата „Св. Ѓорѓи", село Врбјани, Охридско“ (PDF). Патримониум.мк. 3: 368.

Надворешни врски

уреди