Свети Ахил Лариски

Свети Ахил Лариски е христијански светец и епископ на Лариса.

Свети Ахил Лариски
Икона на Свети Ахил и Свети Пахомиј
(Ахил е на левата страна)
Епископ на Лариса
Роден(а) непознато,
Починал(а) 330, Лариса, Тесалија
Почитуван(а) во православие
Римокатоличка црква
Главно светилиште Остров Островот Свети Ахил во Преспанско Езеро, Егејска Македонија
Слава 15 мај

Свети Ахил е роден во Кападокија од чесни родители кои уште од детството го воспитувале во христијански дух. Ја изучувал филозофијата, а длабоко проникнал и во внатрешната духовна филозофија. Поради неговите човечки вредности бил поставен за епископ Лариски и во тоа својство учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, на кој со своето знаење но и со својата принципиелност ги засрамил кривоверците и придонел за победа на вистинските христијански принципи.[1]

Според христијанското верување, Ахил зел еден камен и им викнал на ариевците:

Ако Христос е создание Божјо, како што велите вие, речете од овој камен да потече елеј?

На ова прашање, тој не добил никаков одговор. По ова, тој повторно рекол: „

А ако Синот Божји е рамен на Отецот, како што веруваме ние, нека потече елеј од овој камен!

По овие зборови, навистина претечело елеј[2].

Во Македонија

уреди

Свети Ахил починал во 330 година во Лариса. Царот Самуил сакал во својата црква да има мошти на истакнат светител од првите векови на христијанството чиј култ бил раширен на поширок простор. Кога Самоил ја освоил Тесалија, тој наредил неговите мошти да бидат пренесени на истоимениот остров во Преспа.

Празникот на Свети Ахил се празнува на 15 мај (с.с.) и овој ден имал важна улога во животот на Охридската архиепископија. Иако седиштето на црквата се наоѓало во Охрид, нејзиниот синод често заседавал во црквата Св. Ахилеј на истоимениот остров и тоа во мај (во пролет), водејќи сметка синодските седници да завршат до 15 мај - празникот на св. Ахилеј.

 
Базиликата Св. Ахил во Преспа

Пред да бидат пренесени моштите на св. Ахил на островот, тој се викал Преспа, a подоцна го добил името на светителот, а на островот имало и село што го носело името Ахил (Аил). По победата на византиската војска над Самоуиловата и по распаѓањето на Самоиловото Царство, Василиј Втори на островот му ставил име Костанција, но тоа не можело да се зацврсти пред силниот култ на св. Ахил, така што островот пак си го задржал името на светителот.

Дека култот на свети Ахил бил силен во овој дел на Македонија зборува и присуството на неговиот лик во повеќе цркви. Така на пример тој има значајно место во црквата св. Ѓорѓи во с. Курбиново, во костурската црква „Св. Врачи“ во црквата „Св. Никола“ - манастир во Мариово, во црквата „Св. Никола“ во с. Псача, во црквата во Старо Нагоричане, во „Св. Никола Болнички“, во црквата на манастирот на св. Наум и други цркви во Охрид како и на други места во Македонија, но и во Србија, Грција и пошироко, што зборува за неговиот широко распространет култ. Дека култот кон свети Ахил Лариски е нашироко почитуван во Македонија, говори и податокот дека црквата во реканското село Требиште е посветена токму на овој светец, кој кај тамошното месно население се слави како Аурилија.

Наводи

уреди
  1. „Свети Ахил Лариски 28/15 мај“. Посетено на 5 јануари 2011.[мртва врска]
  2. „Свети Ахил, епископ Лариски“. Посетено на 5 јануари 2011.