Црвеноклуна блатна кокошка

Црвеноклуна блатна кокошка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Жеравовидни
Семејство: Блатни кокошки
Род: Gallinula
Вид: Црвеноклуна блатна кокошка
Научен назив
Gallinula chloropus
(Linnaeus, 1758)
подвидови

види во текстот

Распространетост
Жолто: лето, размножување
Сино: преку цела година, постојан жител
Зелено: зимување.
Синоними

Gallinula brodkorbi McCoy, 1963
Gallinula galeata

Црвеноклуната блатна кокошка (науч. Gallinula chloropus) е птица од семејството блатни кокошки која има речиси светска распространетост. Но, орнитолошките здруженија на Северна и Јужна Америка гласаа во јули 2011 година да ја издвојат американската форма на оваа птица во посебен вид, имплементирајќи ја одлуката веднаш, но другите светски здруженија сè уште не ја промениле таксономијата.[2] Оваа птица ја има и во Македонија.

Опис

уреди
 
Нозете на црвеноклуната блатна кокошка

Црвеноклуната блатна кокошка е многу специфичен вид, со темно перје одозгора, бело под опашката, жолти нозе и црвен штит на лицето. Младенчињата се покафеави и немаат црвено на лицето. Имаат широк спектар жабурливи повици, а гласно с’скаат кога се во опасност.[3] Тие се средни до големи блатни кокошки со должина од 30 до 38 см, распон на крилјата од 50 до 62 см и тежина од 192 до 500 грама.[4][5]

Таа е вообичаена птица во мочурливите предели и езерцата со бујна растителност. Популациите од посеверните предели каде езерата замрзнуваат, како јужна Канада, северни САД, источна Европа, се птици преселници. Оваа птица се храни со разни растенија и мали водни животни. Тие „пасат“ крај или во плитката вода. Вообичаено се прикриени во растителноста, но знаат да бидат и питоми. И покрај загубата на живеалиштата, тие се широко распространети. Се борат за својата територија. Гнездото им претставува кошничка на земјата или во густата растителност. Лежењето им започнува напролет и обично несат околу 8 јајца. Второто легло е послабо со 5-8 јајца. Гнездото подоцна може да го употреби друга женка. Инкубацијата трае околу 3 недели, а ја извршуваат обата родитела. И малечките ги хранат двајцата родители. Малите се оперјуваат по 40-50 дена, а по неколку недели сатнуваат независни. Може да создадат свое легло следната пролет. Кога се во опасност, малечките може да се закачат на телото од родителот, по што тој одлетува на посигурно место.[3][6]

Статус

уреди

Иако на некои места популацијата им се намалува, сепак, оваа птица е широко распространета и вообичаена, па според класификацијата спаѓа во вид со најмала загриженост.[1][1]

Подвидови

уреди

Има дванесетина подвида кои денес се сметаат за валидни, а неколку кои се прифатени како синонимски.

Список на подвидови според датата на опис
Име Опис Распространетост
Црвеноклуна блатна кокошка
G. c. chloropus (Linnaeus, 1758)
Вклучувајќи ги и correiana и indica.
 
Крилјата и грбот се црномаслинести Распространета е од севрозападна Европа до севeрна Африка, на исток до централен Сибир и југоисточна Азија, до Јапонија.
G. c. galeata (Lichtenstein, 1818)
 
Крилјата и грбот се кафеносивкави. Ја има во Тринидад и Тобаго и од Бразил јужно до Амазон, северна Аргентина и Уругвај.
G. c. orientalis (Horsfield, 1821) Помала е, со светлосивкави горни делови на крилјата и голем штит на лицето. Ја има на Сејшелите, Андамански и Никобарски Острови, јужна Малезија, преку Индонезија; а исто така и на Филипините и Палау. Во Микронезија популацијата е присутна од 1980-тите, веројатно од овој подвид, или од пореткиот G. c. guami.[7][8]
G. c. meridionalis (C. L. Brehm, 1831) Слична на orientalis, но со помал штит на лицето. Ја има во потсахарна Африка и на Света Елена.
G. c. pyrrhorrhoa (Newton, 1861) Слична на meridionalis, но под опашката е кремава. Ја има на островите Мадагаскар, Реинион, Маврициус и Комори.
G. c. garmani (Allen, 1876) Слична на galeata, но поголема. Ја има на Андите, од Перу до северозападна Аргентина.
G. c. sandvicensis (Streets, 1877)
 
Има голем фацијален штит; телото е црвеникавопортокалово однапред. Ендемски вид на Хаваите.[9]
G. c. cerceris (Bangs, 1910)
 
Има долг клун, големи стапала и е помалку кафеава одозгора. Ја има на Антилите, без Тринидад и Тобаго и Барбадос; и во јужна Флорида.
G. c. cachinnans (Bangs, 1915)
 
Слична на cerceris, но боите на горниот дел се слични на chloropus. Распространета е во југоисточна Канада, преду САД, до западна Панама; како и на Галапагос и Бермуда.
G. c. pauxilla (Bangs, 1915) Слична на cerceris, но помала. Ја има во низинските предели на источна Панама јужно до северозападен Перу.
G. c. guami (Hartert, 1917)
Перјето на телото е многу темно. Ендемски вид во северни Маријански Острови, но види и G. c. orientalis погоре.
G. c. barbadensis (Bond, 1954) Слична на cerceris, но со посветли глава и врат и помалку сивкаво одозгора. Ендемски на Барбадос.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 BirdLife International (2012). Gallinula chloropus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Chesser, R. Terry, Richard C. Banks, F. Keith Barker, Carla Cicero, Jon L. Dunn, Andrew W. Kratter, Irby J. Lovette, Pamela C. Rasmussen, J. V. Remsen, James D. Rising, Douglas F. Stotz, Kevin Winker (2011). „Fifty-second supplement to the American Ornithologists' Union Check-List of North American Birds“. Auk. 128 (3): 600–613. doi:10.1525/auk.2011.128.3.600.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. 3,0 3,1 Snow, David W.; Perrins, Christopher M.; Doherty, Paul & Cramp, Stanley (1998). The complete birds of the western Palaearctic on CD-ROM. Oxford University Press. ISBN 0-19-268579-1.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Common moorhen videos, photos and facts – Gallinula chloropus Архивирано на 13 октомври 2012 г.. ARKive. Посетено на 2013-02-25.
  5. Common Gallinule, Life History, All About Birds – Cornell Lab of Ornithology. Allaboutbirds.org. Посетено на 2013-02-25.
  6. Mann, Clive F. (1991). „Sunda Frogmouth Batrachostomus cornutus carrying its young“ (PDF). Forktail. 6: 77–78. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-08-28. Посетено на 2013-07-02.
  7. Wiles, Gary J.; Worthington, David J.; Beck, Robert E. Jr.; Pratt, H. Douglas; Aguon, Celestino F. & Pyle, Robert L. (2000). „Noteworthy Bird Records for Micronesia, with a Summary of Raptor Sightings in the Mariana Islands, 1988–1999“ (PDF). Micronesica. 32 (2): 257–284. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-04-23. Посетено на 2013-07-02.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. Wiles, Gary J.; Johnson, Nathan C.; de Cruz, Justine B.; Dutson, Guy; Camacho, Vicente A.; Kepler, Angela Kay; Vice, Daniel S.; Garrett, Kimball L.; Kessler, Curt C. & Pratt, H. Douglas (2004). „New and Noteworthy Bird Records for Micronesia, 1986–2003“. Micronesica. 37 (1): 69–96. Архивирано од изворникот на 2009-05-05. Посетено на 2013-07-02.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. ʻAlae ʻUla or Hawaiian Moorhen“ (PDF). Hawaii’s Comprehensive Wildlife Conservation Strategy. State of Hawaiʻi. 2005-10-01. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-01-15. Посетено на 2009-03-18.

Надворешни врски

уреди