Жеравовидни
Жеравовидни | |
---|---|
Balearica regulorum gibbericeps | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Инфракласа: | Нови птици |
Ред: | Gruiformes Bonaparte, 1854 |
Глобална опфатеност на жеравовидните |
Жеравовидните се ред птици кому му припаѓа голем број различни живи и изумрени фамилии. Видовите кои припаѓаат во овој ред се морфолошки различни и географски широко распространети.
Во овој ред традиционално се вбројуваат неколку фамилии водни и копнени фамилии. Тука спаѓаат 14 вида големи жерави и околу 145 вида помали барски птици (Rallidae). Овие две групи се сметаат за типични во овој ред. Останатите десетина фамилии, со по еден до три претставника, се нетипични за редот на жеравовидните.
Систематизација
уредиВо Македонија од редот на жеравовидните (Gruiformes) среќаваме три фамилии со неколку вида:
- фамилија Жерави Gruidae
- вид Жерав Grus grus
- фамилија Барски кокошки Rallidae
- вид Барска кокошка Rallus aquaticus
- вид Крекс Crex crex
- вид Мала барска кокошка Porzana parva
- вид Дамчеста барска кокошка Porzana porzana
- вид Црвеноклуна блатна кокошка Gallinula chloropus
- вид Лиска Fulica atra
- фамилија Дропли Otididae
- вид Голема дропла Otis tarda
- вид Мала дропла Tetrax tetrax (Ex)
Надворешни врски
уреди- Дрво на животот: Gruiformes Архивирано на 8 август 2020 г.