Цигански Рид (Оризари)
Не го поистоветувајте со археолошкото наоѓалиште Цигански Рид во Кочани.
„Цигански Рид“
| |
Местоположба | 41°55′21″N 22°26′46″E / 41.92250° СГШ; 22.44611° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Оризари |
Општина | Кочани |
Тип |
|
Период | неолитско време |
железно време | |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
Цигански Рид — археолошко наоѓалиште во населбата Оризари кај Кочани. Претставува населба од неолитското, железното и римското време. Се наоѓа на самиот влез на населбата, непосредно пред раскрсницата каде што од асфалтниот пат Кочани-Делчево се одвојува патот за Оризари. Се работи за коса падина од левата страна на Оризарска Река, на која во неколку ниви се забележува неолитска керамика слична на керамиката во Вршник (Таринци, Штипско), фрагменти со фактура и орнаментика типични за железното време, како и фрагменти од керамички садови и питоси од римското време. Тука е најдено и едно вотивно сатче во облик на чашка од афион изработено од керамика што се чува во Заводот и музеј во Штип.[1]
Поврзано
уреди- Куново - Чуки — некропола — тумули од железното и доцноантичкото време.
- Оризари;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |