Вршник (Таринци)
Вршник — археолошко наоѓалиште во штипското село Таринци. Наоѓалиштето претставува населба од неолитско време[1],[2]. Се наоѓа на околу 800 м североисточно од селото, во некогаш-ното лозје (денес нива) на ЗИК „Црвена ѕвезда“, погон Таринци, што лежи во непосредната близина на наоѓалиштето Крст и селските гробишта. Во 1958 година, во организација на Музејот од Штип, под раководство на М. и Д. Гарашанин е извршено сондажно ископување. Откриена е повеќе слојна неолитска населба со 4 хоризонти на живеење, потврдени со делови од објекти за живеење (огништа, печки и куќен лепеж) и многубројни предмети од материјалната култура. Врз основа на типолошките карактеристики, особено кај садовата керамика и култната пластика, е утврдено дека животот во населбата се одвивал континуирано од крајот на раниот до крајот на доцниот неолит, главно во рамките на локалните традиции, но со повремени влијанија од другите истовремени неолитски култури на Балканот. Оттука истражувачите ја издвоиле како засебна културна група (Вршник), сместувајќи ја во рамките на балканско-анадолскиот културен комплекс на стариот неолит. Откривањето на населбата Вршник е дотолку позначајно што, практично, со неа биле поставени основите на истражувањето и проучувањето на неолитот во Источна Македонија.
ПоврзаноУреди
- Крст — Могили од римското време;
- Таринци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
НаводиУреди
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 446. ISBN 9989649286.
- ↑ Штип