Цигански Рид (Кочани)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Не го поистоветувајте со археолошкото наоѓалиште Цигански Рид во кочанско Оризари.
„Цигански Рид“
| |
Местоположба | 41°55′00″N 22°25′00″E / 41.91667° СГШ; 22.41667° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Кочани |
Општина | Кочани |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Цигански Рид — археолошко наоѓалиште во градот Кочани. Претставува средновековна некропола. Лежи во реонот на споменикот на незнајниот борец, оддалечен околу 500 м источно од зградата на Собранието на општината. Во 1982 година, Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата извршил ревизионо ископување при што се откриени 16 гроба без гробни конструкции - слободни закопувања, со разновидни прилози изработени од бронза (белезици, обични и тордирани, обетки, прстени и др.) од XII век. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Кочани.[1]
Поврзано
уреди- Алењак — некропола од железното време;
- Бавчалак — доцносредновековна некропола;
- Барутница — населба од римското време;
- Влашки Ливади - Влашки Бунар — доцносредновековна населба;
- Горица — населба од железното и римското време;
- Гропче — средновековна некропола;
- Кругот на Касарните — некропола од римското време;
- Раечки Рид — населба од доцноантичкото време;
- Стари Лозја - Лукобија — некропола од римското време;
- Тикишински Лозја — некропола од железното време;
- Трештена Скала — осамен наод од бронзеното време;
- Црница — некропола од римското време;
- Шилести Рид — градиште и некропола од доцноантичкото време;
- Кочани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |