Голем Кавказ

(Пренасочено од Централен Кавказ)

Голем Кавказ (руски: Большой Кавказ; азерски: Böyük Qafqaz; грузиски: დიდი კავკასიონი) — главен планински венец во состав на Кавкаските Планини.

Голем Кавказ
Највисока точка
ВрвЕлбрус
Надм. височина5.642 м
Координати43°21′18″N 42°26′31″E / 43.35500° СГШ; 42.44194° ИГД / 43.35500; 42.44194
Величина
Должина1.200 км СЗ-ЈИ
Географија
Сателитска снимка на Голем (горе) и Мал Кавказ (долу)
ЗемјиАзербејџан, Грузија и Русија
Матичен венецКавказ
Се граничи соМал Кавказ

Се протега во должина од 1.200 км од запад-северозапад до исток-југоисток, и тоа помеѓу Таманскиот Полуостров на Црното Море и Апшеронскиот Полуостров на Каспиското Езеро: од Западен Кавказ во околината на Сочи до североисточниот црноморски брег и досега речиси до Баку на каспискиот.

Венецот се дели на три дела:

Во повлажниот Западен Кавказ, планините се прекриени со шуми (листопадна до 1.500 м, иглолисна до 2.500 м и планински тундри над шумската граница). На Источен Кавказ климата е посува, па затоа планините немаат дрвја.

Европско-азиска граница

уреди

Вододелницата на Кавказ се смета и за граница помеѓу Источна Европа и Западна Азија. Европскиот дел северно од вододелницата се нарекува Северен Кавказ, а азискиот на југ е Јужен Јавказ (Закавказје).[1]

Границата на Русија со Грузија и Азербејџан се протега долж најголемиот дел од Кавказот. Низ венецот минува Грузискиот воен пат (Даријалска Клисура) и Закавкаската магистрала, на височини преку 3.000 м.

Вододелница

уреди

Вододелницата на Кавказ, Катвказјето во состав на Руската Империја на север и Отоманско Царство и Персија на југ, сè до победата на Русија во 1813 г. и Ѓулистанскиот договор, со кој границата на Русија се поместила длабоко во Закавказјето.[2] Границата помеѓу Русија и Грузија до денес точно ја следи вододелницата (со исклучок на мало тесно парче територија во Мцхета-Мтијанетија и северозападен Кахети, каде Грузија се протега посеверно), додека пак североисточниот агол на Азербејџан има пет округа северно од вододелницата (Шабран, Хачмаз, Кусар, Сијезен, Куба).

Врвови

уреди
 
Грузиска црква „Св. Троица“ со Казбек во позадина

Превои

уреди

Долини

уреди
 
Снежните врвови на Голем Кавказ
  • Баксан
  • Донгузорун
  • Јусенги
  • Адилсу
  • Ирик
  • Адирсу
  • Киртик
  • Силтрансу

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. "Journey in the Caucasus", Proceedings of the Royal Geographical Society, Volumes 13-14, 1869.
  2. Encyclopædia Britannica o 1833, vol 5, p. 251.