Дихтау

планина на Кавказот, Русија

Дихтау (руски: Дыхтау, карачајско-балкарски: Дых тау) — планина во републиката Кабардино-Балкарија, Русија чиј врв лежи на само 5 км северно од границата со Грузија. Ова е втора планина по висина на Кавказот, по Елбрус и втора по висина во Европа. Името ѝ доаѓа туркискиот поим дик даг со значење „остра планина“.

Дихтау
Дыхтау / Дых тау
Највисока точка
Надм. вис.5.205 м
Истакнатост2.002 м
Координати43°3′N 43°8′E / 43.050° СГШ; 43.133° ИГД / 43.050; 43.133
Географија
Дихтау на карта

Карта

Место Кабардино-Балкарија
Земја Грузија Русија
Матичен венецКавкаски Планини
ТопокартаКарта и водич низ Кавказот: Безенги, Башил, Адајхох[1]

Пристап

уреди

Најдобриот пристап е од север (од руска страна). До селото Безенги се доаѓа од Наљчик (Кабардино-Балкарија) со јавен превоз кој сообраќа поретко; од ова место се изнајмува теренско возило до алспкиот логор „Безенги“ на висина од 2.180 м. Од логорот потребни се два дена за да се дојде до базата на искачување (шаторскиот логор). [2]

Искачувачки правци

уреди

Ова е еден од највеличествените врвови на Кавказот кој гледа кон Ѕидот Безенги спроти истоимениот ледник. Првпат е освоен во 1888 г. од А. Мамери и Х. Царфлу преку Југозападниот Срт, иако денес искачувањето се одвива по Северниот Срт со тежина од 4Б според руската класификација.

Почнувајќи од Мисескош, до сртот се доаѓа најпрвин преку Западниот Срт на Мисестау, продолжувајќи кон шаторскиот логор крај висечки ледник кој се спушта од Северниот Срт на Дихтау, на 4 часа од Мисескош. Потоа се преминува длабоко всеченото седло помеѓу Мисестау и Дихтау, па се следи Северниот Срт сè до највисоката точка. Од шаторскиот логор потребни се два дена до врвот, а по Северниот Срт има неколку добри места за логорување.[3]

Наводи

уреди
  1. Карта и водич низ Кавказот: Безенги, Башил, Адајхох (Map) (I. изд.). 1:100 000 со информации за искачување. Картографија: EWP. EWP/WCP. 1994. ISBN 0-906227-53-4. (англиски)
  2. Кавказот од Елбрус до Казбек (Map) (I. изд.). 1:200 000 со општи информации. Водички карти. Картографија: EWP. Робин Колом Андрју Вјелоховски. 1993. ISBN 0-906227-54-2. (англиски)
  3. Подробна карта на Дихау Архивирано на 4 март 2016 г. (англиски)

Надворешни врски

уреди