Шхара
Шхара (грузиски: შხარა) — планина во средишниот дел на Големиот Кавкаски Венец, највисока во Грузија и трета по височина во венецот. Се наоѓа во областа Сванети долж границата со Русија, 88 км северно од градот Кутаиси и југоисточно од Елбрус.
Шхара | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 5.200 м |
Истакнатост | 1357 м |
Географија | |
Место | област Сванети, Грузија - Кабардино-Балкарија, Русија[1] |
Матичен венец | Голем Кавказ |
Искачување | |
Прво освојување | 1888 од У. Алмер, Џ. Кокин и К. Рот[2] |
Најлесен пат | Североисточен Гребен: snow/ice climb (руска оцена 4б)[1][2] |
Претставува дел од масив наречен Безеншки Ѕид кој е гребен со должина од 12 км. Има голем и стрмен врв со многу ледници и важи за голем предизвик кај алпинистите. Северната страна (во Русија) е висока 1.500 м и има неколку тешки патеки од класичен тип. Значајниот подврв Шхара Запад е висок 5.068 м и важи за најмакотрпното искачување во Европа.[2]
Прво освојување
уредиПланината првпат е освоена во 1888 г. преку Североисточниот Гребен од британско-швајцарска екипа составена од У. Алмер, Џ. Кокин и К. Рот. Оваа патека и денес се смета за една од полесните и ужива популарност. Целиот Безеншки Ѕид е првпат преминат во 1931 г., од страна на австриските искачуавчи К. Попингер, К. Молдан и З. Шинтлмајстер.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Шхара на Ризницата ?
- Шхара на Peakware.com Архивирано на 12 мај 2013 г.
- Шхара на SummitPost
- Видеопанорама на Шхара, забрзано 25 пати