Хемор
Хемор (германски: Hemmoor) — мал град во округот Куксхафен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Осте, околу 40 километри североисточно од Бремерхафен и 25 километри јужно од Брунсбител.
Хемор
Hemmoor | |
Воздушен поглед на градот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Куксхафен |
Општ. заед. | Хемор |
Градски единици | 6 |
Градоначалник | Ласе Вериц (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 45,08 км2 |
Надм. височина | 5 м |
Население | 9.026 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 200 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | CUX |
Пошт. бр. | 21745 |
Повик. бр. | 04771 |
Портал | www.hemmoor.de |
Местоположба на градот Хемор во рамките на округот Куксхафен | |
Координати | 53°42′9″N 9°08′22″E / 53.70250° СГШ; 9.13944° ИГД |
Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија
уредиМестоположба
уредиХемор се наоѓа на границата помеѓу Гест и Остемарш. Градското јадро се наоѓа на реката Осте.
Соседни општини
уредиХемор се граничи со Остен, Оберндорф, Вингст, Мителстенае, Ламштет, Хехтхаузен, Гросенверден (округ Штаде).
Историја
уредиХемор настанал во 1968 година со спојување на некогашните шест самостојни општини Басбек, Варштаде, Хем, Вестерзоде, Хемор и Хесел.[2] На 1 октомври 1982 година, Хемор добил градски права.
Припојувања
уредиНа 1 јануари 1972 година, една област од соседната општина Оберндорф со околу 50 жители била припоена кон Хемор.[3]
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 23 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 8.001 и 9.000 жители.[4] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[5]
Партија/Листа | Удел на гласови | Број на места |
---|---|---|
CDU | 41,10 % | 9 |
SPD | 37,24 % | 9 |
Граѓански форум Хемор | 11,54 % | 3 |
Граѓанска група Хемор (BgH) | 5,47 % | 1 |
Зелени | 4,63 % | 1 |
Градоначалник
уредиГрадскиот совет го избрал членот на советот Ласе Вериц (CDU) за градоначалник за претстојниот период.[6]
Збратимени градови
уредиХемор е збратимен со следниве градови:
Занимливост
уредиЦементарницата Портланд, која работела помеѓу 1866 и 1983 година, доставувала бетон за Статуата на Слободата во Њујорк.
Галерија
уреди-
Товарен мост во градот
-
Езерото Крајде
-
Центарот на градот
-
Градското собрание
-
Железничката станица
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Gesetz über den Zusammenschluß der Gemeinden Basbeck, Warstade, Westersode, Hemmoor, Hemm und Heeßel, Niedersächsisches Gesetz- und Verordnungsblatt 1968 (Nr. 12, S. 90–91)
- ↑
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten[мртва врска], abgerufen am 16. September 2016
- ↑ Stadt Hemmoor – Gesamtergebnis Gemeinderatswahl 2016, abgerufen am 12. Februar 2017.
- ↑ Lasse Weritz (CDU) neuer Stadtbürgermeister, abgerufen am 12. Februar 2017
Надворешни врски
уреди„Хемор“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)