Орта Маало

историско село во Штипско

Орта Маало или Орта Мале — историско село во Штипско, денес во најсевернот дел на атарот на Црвени Брегови, Општина Неготино.

Орта Маало
Орта Маало во рамките на Македонија
Орта Маало
Местоположба на Орта Маало во Македонија
Орта Маало на карта

Карта

Координати 41°37′54″N 22°5′49″E / 41.63167° СГШ; 22.09694° ИГД / 41.63167; 22.09694
Регион  Вардарски
Општина Неготино
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 591 м
Орта Маало на општинската карта

Атарот на Орта Маало во рамките на општината
Орта Маало на Ризницата

Географија

уреди

Селото се наоѓало на 20 км југозападно од Штип, во северозападното подножје на Конечка Планина (Серта), на 5 км источно од Хаџи-Сејдели.

Историја

уреди

Во XIX век Орта Маало било турско село во Штипската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Јокари Орта Махле имало 190 жители, а Ашаки Орта Махле - 115 жители, сите Турци.[2]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена показва Орта махале (Orta Mahale) е покажано заедно со соседното маало Дуванци (Доганли, Doganli) како села со нејасен етнички состав.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Турци.[4]

Родови

уреди

Орта Маало било турско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

  • Доселеници: Хаџи-Агушлар (6 к.), Ѓеримамиџалар (4 к.), Курдалилар (3 к.), Рустемлер (3 к.), Кадирамиџалардан (1 к.), стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Латифовци (1 к.) доселени во 1913 година од селото Кара Оџали, а таму во 1908 година од селото Пештерница; Усин-Јајалар (4 к.) доселени биле во 1913 година од раселеното село Дуванци; Незирлар (1 к.) доселени во 1913 година од селото Кара Оџанли; Оџанан (1 к.) доселени од селото Шеоба.[5]

Иселеништво

уреди

Иселеници има во Турција.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 231 - 232.
  3. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. . Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)