Хачкар (ерм.|խաչքար, во буквален превод е „крст во камен“) претставува камена плоча со изделкан крст карактеристична е за ерменската христијанска уметност. Хачкари вообичаено се подигале во рамките на манастирите и црквите, како посебни камени плочи, а честопати и како дел од фасада, па и на гробниците.

Хачкар во манастирот Гошаванк, подигнат во 1291 година.

Се делкаат обично во базалтни карпи кои се многу отпорни на корозија што им дава долготрајност. Во поново време хачкари главно се делкаат во карпи од вулкански туф.

Најчести мотиви се крстови на позадините во форма на розета или сончеви дискови, украсени со различни апстрактни форми или симболи од природата. Поретко на хачкарите се наоѓаат прикази од Библии или ликови на светители. Иако сите се дизајнирани по исто образец , секој хачкар е поединечен и посебен. До денес на територија на Ерменија откриени се околу 40.000 од овие камени споменици.

Обично се подигани како заветни споменици во знак на благодарност кон Бога поради некои важни настани.

Од ноември 2010 година ерменските хачкари се вклучени на УНЕСКО списокот на нематеријално светско културно наследство.[1]

Историја

уреди
 
Пример на современ хачкар во Ереван

На целата ерменска висорамнина уште од антички времиња постоела традиција на подигање на камени плочи на важни места (Вишапи) кои претставувале различни митолошки суштества, а биле украсени со ралични симболи.

Во периодот на урартското царство тогашните кралеви користеле вертикални камени плоча за прикажување на своите освојувачки подвизи но и за обавување на закони.[2] Во хеленскиот период (посебно завреме на владеењето на династијата Арташесида) веќе постоела развиена технологија за подигање на вакви камени споменици. Основа ја сочинувал масивен камен блок со изделкана вдлабнатина во средината во која се усправувале вертикални камени ступови со веќе изделкани детали.

Веќе во првите години по прифаќање на христијанската вере (почеток на IV век) вакви камени споменици со христијански симболи служеле како сведоци за ширење на христијанската вера.

Покрај симболот крст и христовото распетие, чести мотиви на хачкари од средниот век се однесуваат на животот на Григориј Просветител, кралот Тиридат III, смртта на светите Рипсим и Гајена, пророкот Данило во лавовска пештера и други библиски појави. Такви споменици се распространети по целата територија на историска Ерменија и најстари датираат од периодот од V—VII век.

Први хачкари во данашна форма се појавуваат во текот на IX век кога Ерменија се ослободила од арапска доминација, и кога дошло до национално будења и обнова. Од тој период е и хачкар на кралицата Катранида од 879 година.

Свој врх хачкарската уметност го достигла од XII до XIV век по што следи период на монголско владеење во кое ваков вид на уметничко и верско изразување био забрането. Традицијата е обновена во текот на XVI и XVII век, но никогаш повеќе во толкави размери.

Уметноста на изработка на хачкари во потполност е обновена во модерната ерменскадржава по стекнување на независност во 1991 година, а голем број на занаетлии се занимаваат со изработка на овие споменици, кои се своевиден симбол на ерменскио народ и држава.

Од околу 40.000 зачувани хачкари на територија на Ерменија, најрепрезентативни примери се:

  • Хачкар во манастирот Гегард, исклесан во 1213 година
  • Хачкар на светиот Спасител во манастирот Ахпат од 1273 година
  • Хачкар од манастирот Гошаванк од 1291 кој го изработил мајстор Фогос.

Голем број на хачкари денес се чуваат во собите на историскиот музеј во Ерменија во Јереван, потоа во комплексот на Ечмијадзински манастир. Најголема концентрација на хачкари на отворенои, околу 900 со различни форми и старост се наоѓаат на старите гробишта во населбата Норатус, на западниот бтрег на езерото Севан.

 
Новосадски ерменски хачкар на светиот Спасител

Некогаш најголемата колекција во Џулфа во нахчиванската република во потполност е уништена во периодот од 1998—2005 од страна на власта на Азербејџан,[3][4][5] а останале само два примерока кои денес се чуваат во Ечмијадзина. Слична судбину доживеале и хачкари кои се налаоѓалена подручјето на денешна Турција.

Современа уметност на хачкари

уреди

Уметноста на хачкари како симболи на ерменската култура и традиција повторно оживеале по Втората светска војна, прво меѓу припадниците на ерменската дијаспора ,а потоа по независноста и во самоата Ерменија. Така припадниците на ерменската заедница во Полска финансирале подигањена хачкари во Краков, Вроцлав и Елблонг во знак на сеќавање на жртвитена геноцидот над Ерменците во Првата светска војна направен од страна на турската држава.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. UNESCO: Armenian cross-stones art. Symbolism and craftsmanship of Khachkars.
  2. -{Јерменска скулптура.}-, Посетено на 17. 2. 2012.
  3. "Azerbaijan: Famous Medieval Cemetery Vanishes". Caucasus Reporting Service, Institute for War and Peace Reporting. April 19, 2006.}-, Посетено на 17. 2. 2012.
  4. -{"World Watches In Silence As Azerbaijan Wipes Out Armenian Culture". Архивирано на 11 септември 2006 г. The Art Newspaper. 2006-05-25.}-, Посетено на 17. 2. 2012.
  5. -{"Tragedy on the Araxes". Архивирано на 21 ноември 2006 г. Archaeology. 2006-06-30.