Гегард

манастир во Ерменија

Гегард (ерменски: Գեղարդ) — манастир кој се наоѓа во покраината Котајк во Ерменија. Манастирот официјално од 2000 година била вклучена во списокот на УНЕСКО.

Гегард
Գեղարդ
светско наследство на УНЕСКО
Критериумii
Навод960
Запис2000 (24th заседание)
Координати40°09′32″N 44°47′48″E / 40.158889° СГШ; 44.796667° ИГД / 40.158889; 44.796667

Манастирот бил основан во IV век од Грегорија. Основите на параклисот биле изградени во 1215 година. Манастирот во почетокот го носел името Ајриванк, кој во превод значи “манастир на пештерата“. Денешното име, Герхардаванк во превод значи “манастир на копјето“, а името му доаѓа од копјето со кое бил повреден Исус Христос при распнувањето на крст. Истото копје било доведено во Ерменија од страна на апостол Јуда Тадеус, заедно со уште многу друѓи реликви.