Христово распнување

(Пренасочено од Распетие на Исус)

Распнувањето на Исус е настан кој се случил во текот на I век од новата ера, при кое Исус бил уапсен, измачуван, и осуден од Понтиј Пилат на смрт пеку распнување на крст. Исусовото распетие е запишано во сите четири евангелија.

Заднина

уреди

Според описите на евангелието, Исус со своите следбеници апостоли, во Ерусалим дошол на прославата на Пасха. Бил дочекан од голем број луѓе, кои довикувале:“ Нека е благословен оној кој доаѓа во име Господово, Царот на Израел“[1] Со влезот во Ерусалим,[2], Исус предизвикал голем бунт, каде самиот тој рекол дека храмот би го срушил за три дена, и повторно за три ноќи ќе го изгради.

Подоцна, во истата недела, Исус ја прославувал Пасха заедно со своите апостоли во Сионската горница, позната како Тајната вечера. На собирот, Исус најавил дека ќе биде издаден од еден од неговите ученици, по кое ќе биде погубен. По ова, тој го зел лебот во раката говорејќи:“ Ова е мое тело кое се дава на вас“ и “Ова чаша вино е мојата крв која се пролива за вас“(Лука 22:7–20). По вечерата, Исус заедно со неговите ученици отишле во Гетсиманската градина да се молат.

Додека биле таму, Исус бил уапсен по наредба на Синедрион и свештениот поглавар Кајфа (Лука 22:47–52, Матеј 26:47–56). Апсењето се одвило во тајност во вечерните часови за да се избегнат нереди, бидејќи Исус бил многу популарен меѓу народот (Марко 14:2). Јуда Искариотски, еден од исусовите апостоли бил оној којшто го предал на Исус. Кога чуварите на храмот дошле да го уапсат, Јуда се приближил кон Учителот, бакнувајќи го во левиот образ, на тој начин покажувајќи кон стражата кој е тој којшто треба да биде уапсен. Петар, еден од најблиските ученици на Исус, го зел мечот и нападнал еден од стражарите, одсекувајќи му го увото. Според Лука, Исус веднаш му рекол на Петар: “Кој со меч удира, тој со меч и ќе погине“(Матеј 26:52). По апсењето на Исус, апостолите се сокриле по целиот Ерусалим.

Распетие

уреди

Во текот на судењето на Синедрион, свештенските поглавари го прашале на Исус: “Дали си ти Син Бжји?“ на кое тој им одговорил: “Вие викате дека Сум“. По ова, Исус бил обвинет (Лука 22:70–71). Свештениците по ова го предале на Понтиј Пилат за побуна бидејќи тврдил дека е цар јудејски. Кога Исус отишол пред Пилат, тој го прашал: “Дали си ти цар Јудејски?“, а Исус му одговорил: “Ти кажеш дека сум“. Според евангелието, Понтиј Пилат лично не сметал дека Исус е виновен за каков било бунт против римјаните. По обичајот на пасха, гувернерот имал обичај да ослободи еден затвореник (обичај кој е забележан само во евангелието). Така, Пилат понудил народот да избира меѓу Исус од Назарет и бунтовникот по име Варава. Толпата народ одлучил Варава да биде ослободен, а Исус да биде распнат на крст. Пилат по ова ги измил рацете за да нагласи дека тој не е виновен за неправедната одлука (Матеј 27:11–26).

Според четирите евангелија, Исус умрел на брдото Калварија, познато и како Голгота. Евреинот Јосиф од Ариматија добил дозвола од Пилат да го зема телото на Исус и да го погребе во гробот (Марко 15:42–46), Лука 23:50–56). Евангелијата зборуваат дека по ова, дошло до затемнување на небото, а Матеј зборува и за земјотрес (Матеј 27:51).

Време на распетието

уреди

Иако не постои консензус во однос на точната година или ден, според многумина библиски научници, распнувањето се случило во текот на гувернерството на Понтиј Пилат (помеѓу 26 и 36 година) во петок или во пресред на празникот Пасха (Нисан 15). Сепак, повеќе научници сметаат дека Исус бил распнат во 33 година.

Наводи

уреди
  1. Овие зборови се цитат од Псалама 118:26 Архивирано на 5 јануари 2009 г.; а се наоѓаат во Јовану 12:13–16.
  2. Јован бил задолжен за подготовка на храмот при Исусовата богослужба.

Поврзано

уреди