Корозија[1] или 'рѓосување[2] е физичко-хемиски процес на оксидација на железо. Под нормални услови, се врши под влијание на кислород, водена пареа и јаглерод диоксид. За разлика од железото, некои метали како алуминиум, калај, се обложени со компактен слој на оксид кој го штити металот од корозија. [3] [4] [5] Постојат два основни вида на корозија: хемиски и електрохемиски. Хемиска корозија се одвива според законите на хемиската кинетика на хетерогени реакции. Електрохемиската корозија се јавува во електролити според законите на електрохемиската кинетика.
'Рѓа на железен декор на порта