Хасија
Хасија (грчки: Χάσια) — планина во состав на масивот Пинд, на придоната тромеѓа меѓу Гребенско во Егејска Македонија на север, Тесалија на југ и Епир на запад.
Хасија | |
---|---|
Χάσια | |
Највисока точка | |
Врв | Крчово |
Надм. височина | 1.564 м |
Координати | 39°48′36″N 21°24′14″E / 39.81° СГШ; 21.404° ИГД |
Географија | |
Место | средиштен Пинд југозападна Егејска Македонија, североисточен Епир, северозападна Тесалија |
Планината е долга 40 км во правец исток-запад, а широка е 15-20 км од север кон југ, од општината Каламбака на југ до Дескати на север. Највисок врв е Крчово, кој се издига на надморска височина од 1.564 м.
Најблиски планини се Антихасија на југ, Камбуница на североисток и Лигос (северен Пинд) на запад. Од неа извираат притоки на Бистрица на север, како и оние на Пинеј и притоката Мургани на југ.
Населени места
уредиНа планината се сместени следниве села: Какоплеври и Мерица (Оксинеја) на запад, Велемиште (Агиофило), Чатурија (Трикокија) и Вурохори (Ахладеја) и Деделер (Скити) во средишниот дел and Аспроклизија и Черешово (Керасула) на исток. Западно од планините се протега магистралата „Егнатија“ (Игуменица - Јанина - Кожани - Солун), а низ средината на Хасија минува Државниот автопат 15 (Каламбака - Гребен - Костур).
Планината е шумовита, просеана со бороови и смрчи. Погодна е за туризам и излети. Северозападните падини на Хасија гледаат на долината по горното течение на реката Војуша, како и кон градот Јанина со езерото.