Антихасија

планина во Тесалија, Грција

Антихасија (грчки: Αντιχάσια) — планина во Тесалија, Грција, дел од венецот Пинд. Областа Метеора влегува во состав на планината. Највисокиот врв се издига на 1.424 м надморска височина.[1]

Антихасија
Αντιχάσια
Карпест предел на планината
Највисока точка
ВрвОксија
Надм. вис.1.424[1] м
Координати39°47′30″N 21°55′42″E / 39.7916° СГШ; 21.9283° ИГД / 39.7916; 21.9283
Географија
Антихасија на карта

Карта

МестоТесалија, Грција
Матичен венецПинд
Карта

Планината, заедно со Метеора и долините на реките Литеос и Мургани, е членка на мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (GR1440005).[2]

Географија

уреди

Планината се наоѓа во северниот дел на Трикалско и Лариско, северозападно од Тесалиското Поле, протегајќи се во должина од 45 км. Највисокиот врв Оксија (1.424 м) и врвот Метеризија (1.382 м) се во источниот дел на планината.[2]

Карпите на планината се варовници и флиш.

Најблиски околни планини се Хасија на северозапад и Камбуница на североисток. Најблискиот град е Каламбака, сместен југозападно од планината, во околината на Метеора. Други населени места на планината се Вртигуша на источниот и Конискос на северниот дел. Автопатот ЕО6 (Лариса - Трикала - Јанина - Игуменица) поминува јужно, а ЕО15 (Каламбака - Гребен - Сачишта) поминува западно од планината.

Растителен и животински свет

уреди

Планината Антихасија е обрасната со шуми. Шумскиот појас е претставен од листопадни растенија (сладун, благун, цер, чинар, бела врба, евла). На планината има големи подрачја со деградирана вегетација поради раширената сеча на дрва.[2][3]

Околината на Метеора претставува едно од најзначајните подрачја за птици во Грција. Најчестите птици на планината се орлите, ветрушките, луњите, соколите и бувовите. Вообичаени се и штрковите, како и различни видови на клукајдрвци.[2][3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Oreivatein.com“. Архивирано од изворникот на 2011-07-07. Посетено на 2024-01-20.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „N2K GR1440005“. Натура 2000. Архивирано од изворникот на 2018-09-14. Посетено на 2024-01-20.
  3. 3,0 3,1 „Αντιχάσια Όρη και Μετέωρα“ (грчки). Ελληνική Ορνιθολογική Εταιρεία. Архивирано од изворникот на 2016-03-25. Посетено на 2024-01-20.