Порт о Пренс

главен град на Хаити

Порт о Пренс (на француски: Port-au-Prince, Pòtoprens на креолски јазик) е главниот град на Хаити. Има околу 1.277.000 жители и е најголем град во државата. Порт о Пренс се наоѓа на брегот на заливот Гонав. Структурата на градот е слична со онаа на еден амфитеатар: трговско-стопанските делови се поблиску до водата, додека станбените квартови се наоѓаат на околните ридови.

Порт о Пренс, Хаити (сателитска снимка)

ПоврзаноУреди