Факултет за безбедност - Скопје
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Факултетот за безбедност формиран е во 1977 година во состав на Центарот за образование на кадри за безбедност и општествена самозаштита (ЦОКБОС). Долги години по формирањето факултет претставува единствена високообразовна институција на територијата на поранешна Југославија со намена да едуцира кадри за потребите како на полицијата/ОВР, така и на безбедносните структури во целина.
Откако во 2003 г. беше донесен посебен Закон за Полициска академија со кој е возобновена институцијата, беше формирана матична комисија која со успех ги заврши подготвителните активности за започнување со работа на новата институција во која факултетот беше интегрален дел. Воедно Полициската академија стана рамноправна членка на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола.
Во септември 2008 година, Полициската академија се трансформира во две посебни институции. Една од нив е Факултетот за безбедност кој продолжи да функционира како правен наследник на Полициската академија и како организациска единица на Универзитетот од Битола.
Факултетот за безбедност се наоѓа 15 км југоисточно центарот од Скопје, во близина на населбата Колонија Идризово во рамките на Општина Гази Баба.
Прв циклус студии
уреди- КРИМИНАЛИСТИКА Архивирано на 10 август 2015 г.
- БЕЗБЕДНОСТ Архивирано на 10 август 2015 г.
- КРИМИНОЛОГИЈА И КРИМИНАЛНА ПОЛИТИКА Архивирано на 10 август 2015 г.
- БЕЗБЕДНОСТ И ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА Архивирано на 10 август 2015 г.
Втор циклус студии
уреди- КРИМИНАЛИСТИКА Архивирано на 10 август 2015 г.
- БЕЗБЕДНОСТ И ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА Архивирано на 10 август 2015 г.
- ФОРЕНЗИЧКИ НАУКИ Архивирано на 10 август 2015 г.
- МЕЃУНАРОДНА БЕЗБЕДНОСТ Архивирано на 10 август 2015 г.
Трет циклус студии
уредиБЕЗБЕДНОСТ Архивирано на 29 декември 2016 г.
Библиотека
уредиБиблиотеката на Факултетот за безбедност во Скопје се наоѓа во објект со вкупна површина од 400 м2, а располага со депо за книги ( 8 850 наслови ), фотокопирница со скриптара, работна просторија, читална ( со 50 места ) и компјутеризирана читална. Во компјутизираната читална студентите имаат на располагање над 30 компјутери поврзани на интернет.
Во библиотеката на Факултет за безбедност, студентите имаат пристап до: над 1000-ници домашни и странски книги од областа на безбедноста, учебници, научни и стручни книги како дел од Програмата на Владата на Република Македонија за преведување на 500 стручни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Европската Унија, речници, водичи, енциклопедии и др.
Соработка
уредиМеѓуинституционална соработка
уредиСогласно Правилникот за начинот и условите за организирање на практична настава за студентите („Сл. весник на РМ“, бр. 120/10) се организира и спроведува практична настава за студентите од Факултетот за безбедност - Скопје. Со интерна одлука, за спроведувањето на практичната настава е назначен ментор, а за спроведената практична настава студентите добиваат потврди врз основа на кој им се пресметуваат и заведуваат кредити во уверенијата за завршено високо образование. Практичната настава се спроведува во повеќе државни органи и институции организирано по групи за студентите од сите академски години.
Практичната настава се спроведува врз основа на претходно склучени меморандуми за соработка, а бројот на државни органи и институции има тренд да се зголемува. Во изминативе академски години, Факултетот за безбедност може да се пофали дека неговите студенти извршувале практична настава во следните државни органи и институции:
1. Полициски станици (според местото на живеење на студентот) при Министерство за внатрешни работи;
2. Управа за финансиска полиција лоцирана во Скопје;
3. Регионални центри на Царинската управа на Република Ракедонија;
4. Управата за финансиско разузнавање (поранешна Управа за спречување на перење пари и финансирање тероризам);
5. Агенција за разузнавање;
6. Црвен крст на Р.Македонија;
7. Национален координативен центар за гранично управување при Владата на Р.Македонија;
8. Регионален центар за миграции, азил и бегалци (MARRI RC), лоциран во Скопје;
9. Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата; и
10. ЈНУ „Хидробиолошки институт“ од Охрид.
Студентите на практичната настава и практичната работа непосредно се запознаваат со практичниот начин на примена на знаењата од повеќе области на безбедноста и се запознаваат со функцијата и надлежностите на државните органи и институции, но се вклучени и непосредно во набљудување при решавање на конкретни безбедносни проблеми. Практичната настава се спроведува со однапред изготвен план од страна на менторот, а во договор со партнерската институција каде студентот ја извршува практична настава. Студентите според досегашните оценки, добиени од непосредните раководители каде спроведувале практична настава, се оценети со високи оценки, а неколку имаат добено и посебни пофалници од наведените институции.
Интеруниверзитетска соработка
уредиКако високобразовна единица, Факултетот за безбедност континуирано ја одржува и продлабочува соработката со факултети, универзитети и меѓународни вискообразовни организации во кои се изучуваат научни дисциплини од областа на безбедноста. Партнерскиот однос, базиран на потпишани меморандуми за соработка, на факултетот му овозможува да разменува студенти и кадар, заеднички да организира научни и стручни собири и да реализира воннаставни активности кои одат во прилог на подигањето на репутацијата на факултетот, универзитетот и академската средина во Р.Македонија. Досега, Факултетот за безбедност има потпишано меморандуми за соработка со:
1. Криминалистичко-полициската академија од Белград (Србија)
2. Универзитетот од Нови Пазар (Србија)
3. Полициската академија „Aleksandu Ioan Cuza“ од Букурешт (Романија)
4. Универзитетот во Белград (Србија)
5. Академија на „МВР на Р. Бугарија“ од Софија (Бугарија)
6. Факултет за безбедносни науки од Љубљана (Словенија)
Воедно, Факултетот за безбедност е членка на Асоцијација на Европски полициски колеџи (AEPC) и има соработка со Европски полициски колеџ (CEPOL) врз основа на кандидатскиот статус за членство на Репубилка Македонија во ЕУ.
Издавачка дејност
уреди- Зборници на Факултетот Архивирано на 8 јули 2016 г.
- Годишници на Факултетот Архивирано на 10 август 2015 г.
- Трудови во издание на Факултетот за безбедност Архивирано на 10 август 2015 г.