Ибрахим Ибрахими
Ибрахим Ибрахими — министер за труд и социјална политика на Македонија во периодот 2016–2017.[1]
Ибрахим Ибрахими | |
---|---|
Министер за труд и социјална политика | |
На должноста 13 декември 2016 – 1 јуни 2017 | |
Претседател | Ѓорге Иванов |
Премиер | Емил Димитриев |
Претходник | Фросина Ременски |
Наследник | Мила Царовска |
Лични податоци | |
Партија | СРМ |
Животопис
уредиИбрахим Ибрахими е роден во 1967 година во Гостивар. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, по кое се запишал на постдипломски студии по сметоководство и ревизија, како и на постдипломски студии по политички науки на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово.
На 29 јули 2011 година бил избран за заменик министер за труд и социјална политика, а од 2008 до 2011 ја извршувал функцијата заменик министер во Министерството за правда. Во периодот од 2007-2008 работел како советник во Министерство за труд и социјална политика. Од 2004 до 2006 бил проект менаџер во Европски центар за малцински прашања, а во периодот од 2001 до 2004 програмски координатор на проект Ромаверзитас во Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија. Во периодот 2000-2001 година бил шеф на сметководство во Фатина – Гостивар[2].
Наводи
уреди- ↑ [https://web.archive.org/web/20161214030031/http://vecer.mk/makedonija/spasovski-i-remenski-si-gi-pakuvaat-kuferite Архивирано на 14 декември 2016 г. Спасовски и Ременски „си ги пакуваат куферите“, 13 декември 2016, Вечер]
- ↑ 24vesti.mk
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Фросина Ременски |
Министер за труд и социјална политика 18 мај 2016 - 1 јуни 2017 |
Наследник Мила Царовска |