Фризојте (германски: Friesoythe; затерландски фризиски: Ait или Äit) — мал град во округот Клопенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Зесте, околу 25 километри северозападно од окружниот град Клопенбург и 30 километри југозападно од градот Олденбург.

Фризојте

Friesoythe

Градската црква
Градската црква
Градската црква
Знаме на Фризојте
Грб на Фризојте
Фризојте во рамките на Германија
Фризојте
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Клопенбург
Градски единици 24
Градоначалник Свен Штратман (СДП)
Основни податоци
Површина 247,14 км2
Надм. височина 6 м
Население 22.945 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 93 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. CLP
Пошт. бр. 26169
Повик. бр. 0 44 91
Портал www.friesoythe.de
Местоположба на градот Фризојте во рамките на округот Клопенбург
Карта
Карта
Координати 53°01′14″N 7°51′31″E / 53.02056° СГШ; 7.85861° ИГД / 53.02056; 7.85861

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Градското подрачје се наоѓа во мочурливата низина Хунте-Леда, а само две единици се делумно на ридската област Химлинг.[2]

Градски единици

уреди

Фризојте ги има следниве единици:

  • Аренсдорф (260 жит.)
  • Алтенојте (5.535 жит.)
    • од кои Пирго (49 жит.)
  • Аугустендорф (246 жит.)
  • Едевехтердам (900 жит.)
  • Егерсхаузен
  • Елерброк
  • Фризојте (9.536 жит.)
  • Геленберг (1.602 жит.)
  • Хетберг
  • Хајнфелде (57 жит.)
  • Хоефелд
  • Икенбриге
  • Кампе
  • Камперфен (500 жит.)
  • Маркхаузен (2.196 жит.)
  • Меренкамп
  • Нојшарел (974 жит.)
  • Нојврес (969 жит.)
  • Пемертанге
  • Шилбург
  • Шилингсхее
  • Шванебург
  • Шванебургермор
  • Тиле (945 жит.)

Историја

уреди

Во 1227 година, грофот Ото фон Текленбург го направил замокот во Фризојте, кој го направил да биде негова резиденција. Набрзо, земјоделци, трговци и занаетчии се населиле околу замокот. Веќе на почетокот на првата половина на XIII век, Фризојте имал големи трговски врски, што се потврдува со пронајдените над 300 сребрени монети од Келн, Минстер, Оснабрик и други градови, кои биле во оптег до 1235 година. Денешниот град бил опкружен од масивни градски бедеми и долго бил сметан за непробоен. Во 1308 првпат бил споменат како град. Понекогаш градот бил означуван како „ханзин град“ и се верува дека имал ханзини привилегии. Сепак, нејасно е дали некогаш бил официјално член на Ханзата.

Фризојте дели разновидна култура во долносаксонската историја. Многу културни влијание на германска, англосаксонска, холандска, источнофризиска, данска и шведска култура можат да се забележат во градот и граѓаните. Градот има голем број на римокатолички верници и мал број на калвинисти и лутеранци. Порано бил дел од Војводството Олденбург и под власт на Француското Царство во XVIII век.

Политика

уреди

Градски совет

уреди
 
Градското собрание

Градскиот совет се состои од 32 избрани членови. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните локални избори за Градскиот совет биле добиени следниве резултати:

Партија 12 септември 2021[3] 11 септември 2016[4] 11 септември 2011
CDU 42,58 % 13.369 14 места 53,09 % 14.384 17 места 61,1 % 15.481 20 места
SPD 49,90 % 15.668 16 места 41,37 % 11.209 13 места 34,5 % 8.734 11 места
FDP 3,19 % 1001 1 место0 3,35 % 908 1 место0
Die Linke 1,39 % 435 0 места 2,17 % 589 1 место0
GRÜNE 2,95 % 925 1 место0 4,4 % 1.104 1 место0
Излезност 10.774 од 17.889 гласови 9.348 од 17.337 гласови 8.719 од 16.501 гласови
60,23 % 53,91 % 52,8 %

Градоначалник

уреди

Градоначалник на градот од 2014 година е Свен Штратман (SPD).

Список на досегашни градоначалници (од 1945 г.)
Име Почеток на мандат Крај на мандат
Герхард Вресман 7 април 1945 2 февруари 1946
Хајнрих Фогел 1946 1948
Хајнц Штуке 1948 1953
Герхард Блок 1953 28 јули 1967
Хајнрих Олбердинг 20 октомври 1967 1 октомври 1972
Фердинанд Клопенбург 14 ноември 1972 2 март 1984
Хајнрих Нихаус 11 април 1984 14 ноември 1996
Јохан Вимберг 15 ноември 1996 31 октомври 2014
Свен Штратман 1 ноември 2014

Збратимени градови

уреди

Ленинген е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Предлошка:Nms
  3. „Stadtratswahl in Friesoythe“. Посетено на 13.10.2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. Gesamtergebnis Gemeindewahl 2016 11. September 2016 in Friesoythe, abgerufen am 23. Januar 2017

Надворешни врски

уреди