Клопенбург (округ)
Клопенбург (германски: Cloppenburg) — округ во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со окрузите Амерланд, Олденбург, Фехта, Оснабрик, Емсланд и Лер.
Клопенбург Cloppenburg | |||
---|---|---|---|
округ | |||
| |||
![]() | |||
Земја | ![]() | ||
Покраина | Долна Саксонија | ||
Седиште | Клопенбург | ||
Површина | |||
• Вкупна | 1.418 км2 (547 ми2) | ||
Население (31 декември 2020)[1] | |||
• Вкупно | 172.632 | ||
• Густина | 120/км2 (320/ми2) | ||
Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | CLP | ||
Мреж. место | lkclp.de |
ИсторијаУреди
Подрачјето во средниот век ѝ припаѓало на Грофовијата Текленбург. Потоа долго време (1400-1803) било во владение на Епископското Кнежевство Минстер. Во 1803 г. е припоено од Олденбург и останало дел од него сè до 1945 г. Округот е основан во 1933 г.
ГеографијаУреди
Округот го опфаќа западниот дел од историската област наречена Олденбуршки Минстерски крај (Oldenburgisches Münsterland), односно земјата во Олденбург која порано ја држел Минстер. Пределот е рамничарски и порано бил мочурлив, полн со рекички и потоци.
Од 1924 до 1927 г. е изградено вештачкото езеро Тилсфелде со цел да се спречат поплавите во овој крај. Денес тоа е знаменитост само по себе, со камп и младински хостел.
СтопанствоУреди
Како и соседниот округ Вехта, Клопенбург е познат по големоразмерното сточарство, особено по мисиркарството и свињарството. Овие два округа се нарекуваат „Свински појас“ (Schweinegürtel). Почвата е со слаб квалитет, но сточарството се развило кога започнал масовниот увоз на животинска храна. Користејќи течно ѓубриво се одгледува пченка од која се добива биогас.[2]
ГрбУреди
Окружниот грб прикажува:
- горе лево и горе десно: крстот и црвените пруги од грбот на Олденбург
- долу лево: три листови на воден божур од грбот на Текленбург
- долу десно: црвената и жолтата како бои на Минстер
Градови и општиниУреди
Градови | Општини | |
---|---|---|
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
- ↑ Wilking, Johannes und Manfred Kayser: Biogaserzeugung im Oldenburger Münsterland - Entwicklungen und Perspektiven. In: Jahrbuch für das Oldenburger Münsterland 2011. Vechta 2010, S. 196-219
Надворешни врскиУреди
- Клопенбург (округ) на Ризницата ?
- Службен портал на округот (германски)