Клопенбург
Клопенбург (германски: Cloppenburg; долногермански: Cloppenborg; затерландски фризиски: Kloppenbuurich) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 38 километри југозападно од градот Олденбург.
Клопенбург
Cloppenburg | ||
Панорамски поглед на Клопенбург | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Клопенбург | |
Градоначалник | Најдхард Варнхорн (ДХС) | |
Основни податоци | ||
Површина | 70,62 км2 | |
Надм. височина | 39 м | |
Население | 37.056 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 525 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | CLP | |
Пошт. бр. | 49661 | |
Повик. бр. | 04471 | |
Портал | www.cloppenburg.de | |
Местоположба на градот Клопенбург во рамките на округот Клопенбург | ||
Координати | 52°51′0″N 8°03′0″E / 52.85000° СГШ; 8.05000° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиКлопенбург се наоѓа во областа Олденбуршки Минстерски крај помеѓу Оснабрик и Олденбург.
Градски единици
уредиГрадот Клопенбург се состои од градското јадро и од осум единици:
- Амбирен/Шмертхајм
- Бетен
- Емштекерфелд
- Галгенмор
- Келерхее
- Штатсфорстен
- Штернбуш
- Фарен/Штапелфелд
Стопанство
уредиГрадот е средиште на главно земјоделската област во јужниот дел на Клопенбург. Градот е административно седиште и во него се наоѓаат повеќе училишта.
Туризам
уредиЕдна од главните туристички знаменитости на Клопенбург е музејското село „Клопенбург“, повеќе стари градби од областа кои биле расклопени и поставени во музејот.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните локални избори за Градскиот совет биле добиени следниве резултати:[3]
Градоначалник
уредиМоментален градоначалник на градот Клопенбург е Најдхард Фарнхорн.
- Список на досегашни градоначалници
- Игнац Фајгел (1855–1922)
- Бернхард Хојкамп (1884–1946)
- Георг Веслинг (1889–1974)
- Волфганг Визе (2001-2021)
- Најдхард Фарнхорн (од 2021)
Збратимени градови
уредиПознати луѓе
уреди- Георг Веслинг (1889–1974) — политичар, градоначалник на Клопенбург
- Вернер Баумбах (1916–1953) — пилот
- Јуп Дервал (1927–2007) — фудбалер и тренер
- Манфред Запатка (р. 1942) — глумец
- Манфред Хелман (р. 1962) — фудбалер
- Лена Герке (р. 1988) — модел
- Бернд Гердес (р. 1989) — фудбалер
Галерија
уреди-
Руини од некогашниот замок (напред), поглед на основниот суд (позадина)
-
Црквата „Св. Андреас“
-
Културен центар
-
Музејското село
-
Железничката станица
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
- ↑ KDO-Wahlportal Stadtratswahlen 2021, abgerufen am 16. Juni 2022
- ↑ „Partnerstadt“. cloppenburg.de (германски). Cloppenburg. Архивирано од изворникот на 2021-01-21. Посетено на 2021-03-03.
Надворешни врски
уреди- Клопенбург на Ризницата ?
- Матична страница (германски)