Фридрих I (изборен кнез на Саксонија)
Фридрих I (германски: Friedrich der Streitbare, роден во 11 април 1370 во Дрезден - починал на 4 јануари 1428 во Алтенбург) — владетел од династијата Ветинци како изборен кнез од Саксонија во периодот од 1423 до 1428 година и маркгроф од Мајсен во периодот од 1407 до 1428 година.
Фридрих I | |
---|---|
Изборен кнез на Саксонија | |
На престол | 6 јануари 1423 – 4 јануари 1428 |
Претходник | Албрехт III |
Наследник | Фридрих II |
Маркгроф од Мајсен | |
На престол | 9 февруари 1407 – 4 јануари 1428 |
Претходник | Вилхелм I |
Наследник | Фридрих II |
Роден(а) | 11 април 1370 Дрезден |
Починал(а) | 4 јануари 1428 Алтенбург | (возр. 57)
Почивалиште | Капела во Мејсенска катедрала |
Сопружник | Катарина Брауншвајг-Линебург |
Деца among others... | Фридрих II Ана Вилхелм III |
Династија | Ветинци |
Татко | Фридрих III |
Мајка | Катарина фон Хенеберг |
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Рани години
уредиФридрих бил син на маркгроф Фридрих III Строгиот од Мајсен и Катарина фон Хенеберг. Помалиот брат на Фридрих биол Вилхелм II.
Управување
уредиПо смртта на неговиот чичко Вилхелм I во 1407 година, тој управувал со Маркгрофовија Мајсен заедно со својот брат Вилхелм II и својот братучед Фридрих IV.
По поделбата на земјата во 1410 и 1415 година тој го добил Маркгрофовија Мајсен. Од 1420 година тој учествувал во војните на кралот Сигизмунд во Хуситските војни, и во август 1421 година постигнал успех кај градот Мост. За неговото учество во овој конфликт против хуситите тој бил награден на 6 јануари 1423 година со Војводство Саксонија-Витенберг и Изборно Кнежевство Саксонија. Така Фридрих IV, кој започнал да се нарекува Фридрих I, се издигнал во ранг на војвода и изборен кнез.
Во 1424 година тој бил на опозициската страна на изборните кнезови кои се здружиле против кралот Сигизмунд . Кралот успеал да го привлече Фридрих на своја страна. Така, неговото официјално назначување за изборен кнез се одржало на 1 август 1425 година во Будим.
По смртта на неговиот брат Вилхелм II на 30 март 1425 година, Фридрих станал владетел над целата ветинска територија со исклучок на онаа во Тирингија. Фридрих починал во 1428 година и е првиот од Ветинците, погребан во капелата на Мајсен.
Во 1428 година бил наследен од страна на неговиот син Фридрих II.
Семејство
уредиФридрих I се оженил на 8 мај 1402 година за принцезата Катарина Брауншвајг-Линебург (1395-1442). Тие имале шест деца:
- Фридрих II
- Сигизмунд
- Ана
- Катарина
- Хајнрих
- Вилхелм III
Литература
уреди- Heinrich Theodor Flathe, Friedrich I. (Kurfürst von Sachsen), In: Allgemeine Deutsche Biographie (ADB). 7, Duncker & Humblot, Leipzig 1877, S. 776–778.
- Gottfried Opitz, Friedrich I. der Streitbare. In: Neue Deutsche Biographie (NDB). 5, Duncker & Humblot, Berlin 1961, S. 567.
Надворешни врски
уреди- Friedrich, Leipzig-Lexikon
Фридрих I (изборен кнез на Саксонија) Роден(а): 11 април 1370 Починал(а): 4 јануари 1428
| ||
Претходник Вилхелм I |
Маркгроф од Мајсен со Вилхелм II & Фридрих IV 1407–1428 |
Наследник Фридрих II |
Претходник Албрехт III |
Изборен кнез на Саксонија 1423–1428 |