Фредерик Дар (француски: Frédéric Dard, роден на 29 јуни 1921 во Бургоан Жалије - починал на 6 јуни 2000 во Бонфонтен) — француски писател, подобро познат во Франција и во светот под псевдонимот Сан Антонио, автор на повеќе од 250 криминални романи на француски јазик.

Фредерик Дар
Фредерик Дар во 1992 година
Роден/аСан Антонио
Фредерик Валмejн
Џејмс Картер
Џ. Редон
29 јуни 1921
Бургоан Жалије, Франција
Починат/а6 јуни 2000
Бонфонтен, Швајцарија
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин
Жанркриминален роман
Сопруг/аОдет Дамезин
Франсоа де Каро
Децатри ќерки

Биографија

уреди

Фредерик Дар е роден 29 јуни 1921 година во Бургоан Жалије, Франција, како единствениот син на Франсоа и Жозефина Дар Ана. Тој е роден со дефект на едната рака. Неговите родители, кои биле зафатени со семејниот бизнис, го оставиле на одгледување кај баба му. На неа тој ја должи љубовта кон читањето и литературата.

Економската криза во 1929 година довела до банкрот на семејството и нивниот имот бил распродаден. Тие се преселиле да живеат во мал стан во Лион. Дар учил без интерес трговија во Екол Нормал Политехник „Ла Маритиниер“ во Лион.

Во 1938 година тој бил ставен под закрила на чичкото му Марсел Гранше, основач на издавачката куќа „Lugdunum“ и на весникот „Le Mois à Lyon“. Така бил вработен како практикант, а во 1940 година станал уредник на рекламите. Неговите први статии промовирани од раководителите д-р Едмон Локарно и романистката Макс Андре Дезерге биле објавени анонимно во весникот од 1939 година. Истите привлекле големо влијание и тој започнал да пишува, објавувајќи го во октомври 1940 година својот прв роман „La Peuchère“. Во март 1941 година го издал романот „Monsieur Joos“, кој ја добил првата награда од издавачката куќа „Lugdunum“ и го направил познат. Од 1940 до 1944 година благодарение на Марсел Гранше, соработувал со разни париски весници: „Пари-Соар“, „7 Жур“, каде меѓу другото објавувал раскази и новели.

Фредерик Дар во 1942 година со се оженил со Одет Дамезин со која имале две деца - Патрис и Елизабет. Тие живееле во Лион во периодот од 1944 до 1949 година. Во овој период напишал десетици книги и популарни романи, за да го храни семејството, и брзо стекнала популарност. Фредерик Дар силно паднал под влијание на американскиот црн роман. Тој се спријателил со Жорж Сименон. Под водство на Клемент Жаке ги пишувал своите први романи под англиски псевдоними. Во 1949 година по разделба со Гранше се преместил да живее во приградска куќа во Мусо, по неколкуте слаби години, во кои тој пишувал и работел за театарот. Неговиот прв роман „Видете му ја сметката“, од издавачката куќа „Жакие“, Лион, потпишан со псевдонимот Сан Антонио и раскази за херојот во прво лице, го дале почетокот на серија од романи кои следеле. Многу наскоро од овој роман се заинтересирал Арман де Каро. Во 1954 година Дар и Роберт Хосеин започнале долга театарска соработка.

Зголемената популарност на Сан Антонио го натерало да пишува побрзо и да издава повеќе дела во џебен формат, дотаму што тоа му донело проблеми со француските даночни власти. Бракот со Одет Дамезин започнал да се распаѓа па во месеците пред нивната разделба, тој се обидел да се обеси. На 14 јуни 1968 година се оженил по вторпат за Франсоа де Каро, ќерка на Арман де Каро. Со неа тој заминал кон Швајцарија, каде што го изградил својот нов дом „Вила Сан Антонио“. Во 1970 година се родила нивната ќерка Жозефина. Во март 1983 година таа била киднапирана од еден радиодифузер, барајќи откуп од 2 милиони швајцарски франци, поради што вилата требало да биде продадена. Киднаперот бил фатен, а откупнината вратена.

Фредерик Дар поддржил да има многу добри врски и пријателства со писатели, уметници и сликари. Бил љубител на надреализмот и хиперреализмот. Во 1978 година купил фарма, враќајќи и го видот од XVIII век, во гратчето Бонфонтен. Таму подоцна изградил свој дом, каде починал на 6 јуни 2000 година.

Творештво

уреди

Најпопуларен дел од творештвото на Фредерик Дар останале истрагите на непобедливиот полициски инспектор Сан Антонио, со големиот хумор во 175 романи. За стилот на пишување на писателот е карактеристичен хуморот и сарказамот, кој изобилува со игри на зборови, жаргон и неологизми и истовремено со висок процент на зборови на книжевниот француски јазик. Во Франција дури бил издаден „Речник на Сан Антонио“, кој содржи околу 15.000 зборови.

Под своето вистинско име Фредерик Дар објавил околу шеесет романи. Тој користел и различни псевдоними за своите романи - Сан Антонио (со или без цртичка), Фредерик Валмаин, Џејмс Картер, Џ. Редон итн. За некои од нив неговото семејство негира дека се негови, затоа и бројот на неговите романи често варира во различните истражувања и публикации. Популарниот прекар „Сан Антонио“ тој го стекнал случајно откако посочил со прст во картата на САД во потрага по англиско име за својот лик (град Сан Антонио, Тексас).

Фредерик Дар е автор на 288 романи, 250 новели, 20 театарски претстави. Последниот роман на Фредерик Дар излегол по неговата смрт и бил завршен од страна на неговиот син Дара Патрис, кој продолжува да пишува под овој псевдоним.

Фредерик Дар е еден од најчитаните автори на 20 век и почетокот на 20 век. Неговите книги се преведени во над 33 земји и во повеќе од 300 милиони примероци. Многу од делата на Сан Антонио биле преиздавани на повеќепати. Така на пример „Историја на Франција“ била препечатана 18 пати во неговата татковина. И денес, секој месец се прават не помалку од 3 нови публикации. Според романите на Сан Антонио биле снимени многу филмови. За жал тие не можат да го поднесат целото јазично богатство на авторот.

Во 1997 година било основано Друштво на пријателите на Сан Антонио.

Надворешни врски

уреди