Француски Јужни и Антарктички Земји

(Пренасочено од Француски Јужни Земји)


Француски Јужни и Антарктички Земји,[6] скрат. ФЈАЗ (француски: Terres australes et antarctiques françaises, TAAF) прекуморска територија на Франција. Таа се состои од:

  1. Аделина Земја (Terre Adélie) — француска територија на Антарктикот.
  2. Крозе (Îles Crozet) — островска група во јужниот Индиски Океан, јужно од Мадагаскар.
  3. Кергелен (Archipel des Kerguelen) — група вулкански острови во јужниот Индиски Океан, југоисточна Африка.
  4. Свети Павле и Амстердам (Îles Saint Paul et Amsterdam) — островска група северно од Кергелен.
  5. Расеани Острови (Îles Éparses) — група раштркани острови околу Мадагаскар.
Француски Јужни и Антарктички Земји

Terres australes et antarctiques françaises
Прекуморска територија
Знаме на Француски Јужни и Антарктички Земји
Знаме
Официјален грб на Француски Јужни и Антарктички Земји
Coat of arms
Гесло: 
Химна: Марселеза
Местоположба на Француските Јужни и Антирактички Земји во Индискиот Океан
Местоположбата на  Француски Јужни и Антарктички Земји  (заокружено со црвено)

во the Индиски Океан  (light blue)

Суверена држава Франција
Територијален статус6 август 1955[1]
СедиштеСен Пјер, Реинион
(седиште, вон подрачјето)
43°00′S 67°00′E / 43.000° ЈГШ; 67.000° ИГД / -43.000; 67.000[2]
Најгол. нас. местоПорт о Франсе
Службени јазицифранцуски
Водачи
Емануел Макрон
• Префект, Виш управник
Флоранс Жанбланк-Ризлер
• Ген. секретар
Тјери Дусе[3]
ЗаконодавствоСоветодавен совет на ФЈАЗ
Површина
• Вкупна
439,666.4 км2
Население
• Проценка
официјално 200~400 постојани научници и воени лица[4]
нема трајно население[5]
ВалутаEuro (€) (EUR)
Часовен појас
Страна на возењедесна
ISO 3166-код
  • TF
  • FR-TF
НДД.tf
Websitetaaf.fr/en/ Уредете го ова на Википодатоците

Територијата понекогаш се нарекува Француски Јужни Земји (француски: Terres australes françaises) или Француски Јужни Територии,[7] обично за да се нагласи непризнавањето на францускиот суверенитет врз Аделината Земја според Антарктичкиот договор.[5]

Целата територија нема трајно население. На неа обично престојуваат 150 (зиме) до 310 (лете) луѓе, претежно воени лица, научни истражувачи и стручен кадар.[8]

Во 2019 г. островите Крозе, Кергелен и Свети Павле и Амстердам се прогласени за светско наследство на УНЕСКО поради недопрената дива природа, биоразновидноста и огромните птичји колонии.[9]

Историја

уреди

Неколку острови од територијата биле откриени во потрагата по морскиот пат за Индија. Португалците го откриле островот Свети Павле во XVI век; во XVII век Холанѓаните први стапнале на островот Амстердам. Французите нешто подоцна во истиот век ја откриле групата Крозе; во овој период се истражени и останатите острови, првпат пронајдени од Европејци.

Управа

уреди

Француските Јужни и Антарктички Земји се прекуморска територија на Франција од 1955 г. Порано биле управувани од Париз од виш управник (administrateur supérieur) потпомогнат од генерален секретар. Од декември 2004 г. со управата раководи префект (préfet) со седиште во Сен Пјер на островот Реинион.

Управата на ФЈАЗ, Францускиот поларен институт „Пол-Емил Виктор“ и Француската воена морнарица заеднички стопанисуваат со мразокршачот „Астролаб“, со сидриште во Реинион. Бродот носи персонал и залихи до поларната станица „Димон Дирвил“ и врши други должности како истражување и патрола.[10]

Територијата се дели на пет окрузи:

Округ Седиште Население Површина ИСП
Лете Зиме (км2)
Аделина Земја станица Димон Дирвил 30 110 432.000
Крозе Алфред-Фор 25 45 352 567.475
Кергелен Порт о Франсе 70 110 7.215 563.869
Свети Павле и Амстердам Мартен де Вивје 25 45 61 502.533
Расеани Островиа Сен Пјерб, Реинион 56 56 38,4 640.400
ФЈАЗ Сен Пјерв, Реинион 206 366 439.666,4 2.274.277

а Расеаните Острови се петтиот округ на ФЈАЗ.[11] Мрежното место на ФЈАЗ не дава податоци за нивното население. Тие се не вклучени во вкупниот износ.
б Главната станица на Расеаните Острови е на островот Тромлен. Седиштето на окружниот началник е вон ФЈАЗ, во Сен Пјер на островот Реинион.
в Главната станица на територијата е во Мартен де Вивје на островот Амстердам. Седиштето на територијалниот управник е вон ФЈАЗ, во Сен Пјер на островот Реинион.

На чело на секој округ стои окружен началник, чија надлежност е слична на француски градоначалник (вклучувајќи матичарска и полициска).

Бидејќи нема трајно население, територијата нема законодавно тело, ниту претставници во националното собрание.

Географија

уреди
 
Карта на Француските Јужни и Антарктички Земји.
Не се прикажани Аделина Земја (на Антарктикот) и гребенот Гејзер и Басас да Индија (во округот на Расеаните Острови).
 
Кергеленски зелки на островот Маје, Кергелен.

Во територијата влегуваат островските групи Крозе, Кергелен и Свети Павле и Амстердам во јужниот Индиски Океан близу 43° ЈГШ, 67° ИГД, долж Аделината Земја, исечок од Антарктикот на кој полага право Франција, наречен од францускиот истражувач Жил Димон Дирвил по неговата сопруга.

Аделината Земја (432.000 км2) и островите (вкуп. 7.781 км2) немаат домордно население, иако во 1997 г. таму престојувалле 100 истражувачи, чиј број е појолем или помал зависно од времето во годината.

Островите Амстердам и Свети Павле се згаснати вулкани прогласени за екорегион на умерени тревишта. Највисока точка на територијата е планината Рос на Кергелен со 1.850 м. На островите има слетувалишта само кајшто има метеоролошки станици, а бреговата линија од 1.232 км нема пристаништа, туку само сидришта во крајбрежните води.

 
Ѓаволскиот Вулкан на островот Гранд Тер, Кергелен.

Островите во Индискиот Океан добиваат залихи од специјалниот брод „Марион Дифрен“ кој плови од Ле Пор на Реинион. Аделината Земја се снабдува од бродот „Астролаб“ кој плови од Хобарт во Тасманија.

Меѓутоа, територијата има трговска морнарица која во 1999 г. имала вкупно 2.892.911 БРТ/5.165.713 носивост, вклучувајќи 7 рефусни носачи, 5 товарни бродови, 10 танкери за хемикалии, 9 контејнерски бродови, 6 носачи на течен гас, 24 нафтени танкери, 1 брод-ладилник и 10 ро-ро носачи.

Растителен и животински свет

уреди
Ознаки
Службен назив: Француски јужни земји и мориња
Критериуми:природно: (vii), (ix), (x)
Прогласено:2019 (43. заседание)
Број1603
Регион:Западна Европа
Службен назив: Национален природен резерват на Јужните Француски Земји
Прогласено:15 септември 2008
Број1837[12]

Поради изолираноста, француските острови во јужниот Индиски Океан сочинуваат едно од најголемите подрачја на недопрена природа во светот.[13] Островите се сместени долж Антарктичката конвергенција, каде нагорното струење ги збогатува водите со хранливи материи.[14] Поради ова, островите изобилуваат со птици и цицачи. На нив се размножуваат преку 50 милиони птици од 47 видови, меѓу кои преку половина од единките на 16 различни видови.[13] На Крозе живеат половина од кралски пингвини на светот, а на Амстердам се преку половина единки на загрозениот индиски жолтоклун албатрос.[14] Други ранливи птичји видови присутни на островите се кергеленската ластовичарка, мекгиливреевата ластовичарка и амстердамскиот албатрос, еден од четирите ендемски птици на островската група.[14] Француските Јужни Земји се на второ место по бројот на јужни морски слонови во светот (околу 200.000 единки), и на трето место по бројто на антарктички крзнени фоки.

Растителните видови се доста сиромашни поради оддалеченоста и супполарната местоположба на островите; Свети Павле и Крозе немаат автохтони дрвја и грмушки.[15] Меѓутоа, 8 од 36-те видови на виши растенија се ендемски.[16] На нив се забележани неколку видови ендемски безрбетници, вклучувајќи молци и муви кои ги изгубиле крилјата поради отсуството на грабливци.[14]

Стопанство

уреди

Природните ресурси на територијата се ограничени на риби и ракови. Стопанската активност се состои од опслужување на метеоролошки и геофизички истражувачки станици, како и риболовните флоти.[17]

Главни рибни ресурси се патагонската забарка и лангустот. Водите ги посетуваат рибокрадни пловила. Со нив се справува Француската воена морнарица, која изрекува казни или го одзема пловилото.

Франција порано им издавала дозволи на странски бродови за залов на патагонската забарка, но поради прекумерниот риболов, денес тоа право го имаат само мал број риболовни претпријатија од Реинион.

Територијата остварува приходи од 16 милиони евра годишно.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Government of the French Republic (6 август 1955). „Loi n° 55-1052 du 6 août 1955 conférant l'autonomie administrative et financière aux Terres australes et antarctiques françaises“. legifrance.gouv.fr. Посетено на 19 октомври 2019.
  2. French Southern and Antarctic Lands in Geonames.org (cc-by)
  3. Government of the French Republic (6 март 2020). „Arrêté du 6 mars 2020 portant nomination du secrétaire général des Terres australes et antarctiques françaises“. legifrance.gouv.fr. Посетено на 6 април 2020.
  4. TAAF Collectivity. „Présentation des territoires“. taaf.fr. Посетено на 19 октомври 2019.
  5. 5,0 5,1 „Antarctica :: French Southern and Antarctic Lands“. CIA.gov/Library/Publications/The-World-Factbook. CIA. 20 мај 2020. Посетено на 10 октомври 2018.
  6. „List of countries, territories and currencies“. Interinstitutional style guide. Publications Office. 12 јуни 2008. Посетено на 29 јуни 2008.
  7. „French Southern Territories“. ISO.org. ISO. 26 ноември 2018. Посетено на 12 јули 2020.
  8. „ФЈАЗ немаат трајно население.“ „The French Southern and Antarctic Lands“. French Southern and Antarctic Lands administration. Архивирано од изворникот на 26 мај 2017. Посетено на 31 мај 2016.
  9. „Five sites inscribed on UNESCO's World Heritage List“. UNESCO. 5 јули 2019.
  10. French Navy receives icebreaker and patrol vessel L'Astrolabe. Naval Today, 13 јули 2017. посет. 16 јули 2017 г
  11. „Les îles Éparses“. Архивирано од изворникот на 2 мај 2007. Посетено на 3 март 2007.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  12. „Réserve Naturelle Nationale des Terres Australes Francaises“. Ramsar Sites Information Service. Посетено на 25 април 2018.
  13. 13,0 13,1 „French Austral Lands and Seas“. UNESCO World Heritage Centre. United Nations Educational, Scientific, and Cultural Organization. Посетено на 22 јануари 2022.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 French Austral Lands and Seas (Report). IUCN. април 2019. Посетено на 22 јануари 2022.
  15. Larrue, Sébastien; Chadeyron, Julien; Faucon, Frédéric (19 јануари 2018). „Quelles origines à l'asylvatisme des îles volcaniques australes Crozet et Saint-Paul (Terres Australes et Antarctiques Françaises, océan Indien) ?“. Cybergeo. doi:10.4000/cybergeo.28917.
  16. Timaná, Martín E.; Lebouvier, Marc; Rouhan, Germinal (11 февруари 2019). „Sagina hookeri Timaná, sp. nov. (Caryophyllaceae), a new endemic species for the flora of Île Amsterdam (French Southern and Antarctic Lands)“. Adansonia. 41 (1): 17. doi:10.5252/adansonia2019v41a2. S2CID 91871485.
  17. „Saint Pierre and Miquelon (SPM) Exports, Imports, and Trade Partners“. OEC. Observatory of Economic Complexity. Посетено на 7 јули 2023.

Надворешни врски

уреди