Сен Пјер (Реинион)

главен град на француската територија Реинион

Сен Пјер (француски: Saint-Pierre, креолски: Sin-Pyè) — трета по големина општина во францускиот прекуморски департман и регион Реинион. Се наоѓа на југозападната страна на островот, и служи како седиште/главен град на Француските Јужни и Антарктички Земји. Градот се нараснал околу пристаништето изградено од 1854 до 1882 г. кое имало улога во трговијата помеѓу Азија и Европа. Денес има 400 места за риболов и разонодни пловила, а највеќето стопански сообраќај е преместен на север во Ле Пор.

Сен Пјер
Saint Pierre
потпрефектура и општина
Поглед на Сен Пјер со пристаништето
Поглед на Сен Пјер со пристаништето
Грб на Сен Пјер
Гесло: Fortis fortuna fortior
(од лат. „Смелоста е посилна од судбината“)
ЗемјаФранција
Прекуморски регион и департманРеинион
ОкругСен Пјер
КантонСен Пјер-1, 2 и 3
Општ. заедницаСолидарни градови
Управа
 • Градоначалник (2020–2026) Мишел Фонтен[1]
Површина195,99 км2 (3,706 ми2)
Население (2019)284.982
 • Густина8,9/км2 (23/ми2)
INSEE/Пошт. бр.97416 / 97410
Надм. висина0 м
(прос. 19 м)
Мреж. местоsaintpierre.re
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Географија

уреди

Градот Сен Пјер е на почетокот од единстевниот главен пат на островот (наречен N3). Одовде тој води во Ле Тампон, висорамнината Кафр и селото Бур Мира. Од ова место релативно лесно се стасува до Питон де ла Фурнез како почетна точка за многу екскурзии.

Клима

уреди

Сен Пјер се одликува со врела степска клима (класа: BSh), додека селото Лињ Паради и населбата Равин де Кабри во југоисточниот дел на општината имаат тропска саванска клима (класа: Aw). Просечната годишна температура во Сен Пјер (центарот) е 24,1 °C. Просечните годишни врнежи изнесуваат 672,1 мм, при што февруари е најврнежлив. Температурите во просек се највисоки во јануари (27,3 °C) и најниски во јули (20,9 °C).

Сообраќај

уреди

Аеродромот „Пјерефонд“ е сместен на 5,5 км од градот. Го носи IATA-кодот ZSE.

Сместување

уреди

Во Сен Пјер нема поголеми хотели. Посетителите се сместуваат во пансиони во мали објекти како преуредени креолски куќи и вили.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Répertoire national des élus: les maires“. data.gouv.fr, Plateforme ouverte des données publiques françaises. 2 декември 2020.

Надворешни врски

уреди